Лукот може да ги победи не само вампирите и врколаците, ами и вируси. Ароматичните чешнења имаат неверојатната способност да го засилуваат имунитетот на организмот. Освен тоа лукот се користи и како смирувачко средство при акутна забоболка. Само ставете чешне лук на воспалената област и веднаш ќе ви олесни. Сепак ви препорачуваме да се обратите и на стоматолог.
Пареата од варен компир е прекрасен инхалатор кај бронхијалните болести и настинки. Покријте се со крпа над садот со штотуку варени компири и подишете неколку минути. Дишните патишта веднаш ќе се исчистат.
Кромидот исто така е добар за сите настинки. Пресечете го исчистениот кромид на половина и ставете го до креветот на болниот. Лично мене тоа ми помогнало неколкупати. Иако просторијата се полни со мирис кој не на сите им се допаѓа, ефикасноста на оваа постапка не крие никакви сомневања.
Вареното цвекло, освен што нужно е присутно во највкусните празнични салати (најпознатата од нив е сељодка под бунда), придонесува за подобрување на варењето.
При гастроинтестинални проблеми вреди да го искористиме ова одлично својство на цвеклото.
Во киселата зелка, освен цела низа корисни материи и минерали, во изобилство има и витамин U, чие име доаѓа од латинскиот збор ulvus - чир. Тој ја спречува една од најчестите болести во денешно време – чир на желудникот. Научниците имаат тенденција да ги прифатат заклучоците дека оваа компонента дури спречува и рак. Треба да се додава во менито кисела зелка како профилакса. А, најмалото е и вкусно! Мајката на мојата најдобра другарка е медицинско лице и советува да се јаде кисела зелка за секакви болести. И јас секогаш ја слушам.
Најпознатото средство за прва помош при мамурлак е расол од кисели краставички. Расолот ја отстранува главоболката и ги враќа изгубените сили. Забележете дека во секој руски филм по весела забава ликовите наутро пијат расол од тегли од три литри.
Освен што благодарение на нејзините својството урдата го зајакнува коскеното ткиво и забите, таа е и извонреден диетален производ. Погодна е и за луѓето кои се обидуваат да се ослободат од вишокот килограми, и за спортистите кои поднесуваат огромни товари на организмот. Уделот на протеини во урдата е поголем отколку во кој и да било друг производ. Урдата делува благопријатно и на нервниот систем и го крева расположението.
Legion Media
Плодовите на облепихата се погодни за луѓето кои се склони кон срцеви заболувања, за оние со чир и со покачен крвен притисок. Со чудесното масло од облепиха прекрасно зараснуваат рани и апсцеси, се лекуваат воспаленија. При изгореници од различен карактер - термички, хемиски, па дури и при радиоактивно озрачување на кожата - помага маслото од облепиха.
Медот е задолжителен лек при настинка. Најчесто се зема со топло млеко и путер. Освен тоа со мед се лекуваат цела низа други заболувања - срцева слабост, стомачни проблеми, болести на црниот дроб, артериосклероза, секакви воспалителни процеси, па дури и растројство на нервниот систем.
Чајот широко се користи за козметички цели. Обични компресии со газа натопена со чај, го отстранува уморот на очите и ги опуштаат мускулите на лицето - така можеме да се ослободиме од подочниците и од нездравата боја на кожата. Некои жени си прават маска со чај, ја мијат со зелен чај косата за да ја зацврснат. Кога станува збор за чајот, се сеќавам на една стара анегдота во кој девојка го прашува гинекологот зошто постојано забременува. Никакви средства не помагаат - што да земам? Лекарот размислувал и одговорил - чај. „Пред или потоа?“, прашала девојката. „Наместо!“, одговорил лекарот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче