Пет бобинки од Русија кои Македонците не ги пробале

Бобинките во Русија се многу распространети. Тие се користат свежи, сушени, во маринада. Од нив се прават сокови, слатка, џемови, мармелади. Се користат за подготовка на колачи, слатки и торти. Русите обожаваат бобинки и тие се неминовен дел од секоја трпеза. Но, тие се и извор на многу полезни состојки кои имаат лековит ефект. Russia Beyond ви претставува пет бобинки кои Русите секојдневно ги користат, а кои не растат во Македонија, па затоа и не им се познати на Македонците.

Кљуква 

Латинскиот назив на ова растение е Oxycóccus. Многу често се поистоветува со брусницата поради изгледот, но станува збор за сосема поинакво растение. Во Русија кљуквата се користи мошне често и тоа како свежа, така и во вид на сокови, замрзната, сушена, па дури и како десерт обложена со шеќер. Докажано е дека биолошките активни компоненти на кљуквата имаат пртиввоспалително дејство, а исто така штити од закислучвачки стрес, менувајќи ја експресијата на гените во ТНР-1 клетките. Бобинките на кљуквата приготвени како морс, сокови, екстракти претставуваат мошне добар извор на витамини, а нивните листови се употребуваат како чај. Она што е мошне важно за оваа бобинка е дека таа може да се зачува во свеж вид во текот на целата година доколку се чува во дрвени буриња наполнети со вода. Кљуквата се користи како средство за заштита од скорбут, при настинка, реума, ангина, авитаминоза. Нејзиниот особен киселкаст вкус ја прави погодна за ликери, но и за многу десерти.

Јаребика (Рјабина)

Латинскиот назив е Sórbus. Дрвото што ги дава овие вкусни плодови може да се најде дури и по улиците на големите градови во Русија. Многу често како преводен еквивалент на ова растение се наведува огроздот, но тоа ни оддалеку не е точно. Во градовите рјабината ја одгледуваат како декоративно растение, а многу често може да се најде како дел од приказите на руската природа и тоа на шамии, кутии за накит, часовници, послужавници, садови, накит и слично. Овие бобинки содржат огромно количество витамини. Во нив има повеќе витамин Ц одошто во лимонот, а тука се и витамините П, Б2, ПП, Е, К и провитаминот А. Тие се мошне добар диуретик, се користат при реума, а исто така добро влијаат и на варењето на храната. Во плодовите од ова растение има 20 пати повеќе витамин П одошто во портокалите и во јаболката, а исто така содржи и висок процент јод. Јаребиката е прекрасно средство за зајакнување на имунитетот. Тие содржат повеќе каротин од обичниот морков, а исто така се богати со сорбит, што значи дека можат да ги консумираат и луѓето со дијабет. 

Облепиха 

Ова растение е познато и како морска крушина, а латинскиот назив му е Hippóphaë. Станува збор за грмушесто растение со силножолти или светлопортокалови бобинки. Ова растение е старо повеќе од илјада години, а доаѓа од Кина, но денес се одгледува во Русија и многу често се наоѓа на трпезите. Плодот на ова растение е богат со омега-3, 6, 9 масни киселини, како и многу ретката омега-7. Облепихата се користи за лекување псоријаза, висок крвен притисок и високо ниво на лош холестерол. Оваа билка помага при артритис, чир, гихт и осип. Чудесната моќ на облепихата не запира тука. Билката содржи над 190 активни состојки, со што ова растение е едно од најпогодните на планетата. Освен полезните масни киселини што ги споменавме, исто така содржи витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Е, К и П. Облепихата е добар извор на фолна киселина, каротеноиди, флавоноиди и 20 видови минерали. Од бобинката се произведува и масло кое се користи за различни проблеми со кожата, бидејќи ја лечи и длабински ја чисти. Се користи за изгореници и за зацелување рани. Постојат студии кои докажуваат корисни својства на маслото и кај пациентите со чир. Облепихата исто така помагаат при анемија. Во вакви случаи можете да го јадете плодот на растението - свежо или сушено. Исто така можете да направите чај од бобинките. 

Водјаника 

Водјаниката, која на латински се нарекува Émpetrum, е нискогрмушесто растение кое дава темни бобинки. Во превод од латински ова растение го носи името „на камен“ што соодветствува на неговиот начин на живеење. Нејзините лековити својства се познати уште многу одамна. Благодарение на високата содржина на витамин Ц, водјаниката го подобрува имунитетот, помага во борбата со инфекциите и со настинките. Исто така е мошне полезна при исеченици. Овие бобинки се полезни при лекување на црниот дроб и на бубрезите, а особено позитивно дејство покажуваат на нервниот систем (посебно кај епилепсијата и парализата. Водјаниката е многу добра и за отоци, со оглед на тоа дека таа е природен диуретик. 

Књаженика (Арктичка малина)

Rúbus árcticus или, како што е попозната, арктичката, односно царска малина, е нискогрмушесто растение кое расте во поладните делови од светот. Во народната медицина књажениката се користи за лекување реума, настинки, како и за болести на црниот дроб. При кашлица, бронхијална астма, проблеми со горните дишни патишта се користи чај од суви или од сурови бобинки на књаженика. Плодовите се исто така добри и за намалување на покачена телесна температура, а исто така и за гаснење на жедта налето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња