Зошто погребната поворка на руските императори ја следеле двајца витези - Тажниот и Радосниот?

Историја
ГЕОРГИЈ МАНАЕВ
На свечената погребна церемонија на руските императори, почнувајќи од Петар Велики, учествувале двајца витези, а нивните оклопи се чуваат и денес.

Тажниот витез во црн оклоп го симболизирал крајот на земното патување на царот. На крајот од погребната поворка одел пеш со спуштен меч во раката. Радосниот витез ги симболизирал животот и постојаноста на царската моќ. Бил облечен во златен оклоп со живописни пердуви на шлемот. Јавал на коњ со златна покривка. Последната погребна церемонија на која учествувале овие витези е одржана на 7 ноември 1894 година. Тоа бил погребот на царот Александар III.

Денес, оклопот на двата витези може да се види во изложбениот павилјон „Арсенал“ на музејот-резерват „Царско село“. Витезите ги носеле токму овие оклопи на погребната церемонија на императорот Александар I во 1826 година. Оклопите се пронајдени пред 30 години во текот на реставрацијата на Екатеринскиот дворец, а потоа реставрирани и делумно обновени.