Како Швеѓаните се обиделе да го срамнат Санкт Петербург со земја

Лудвиг Рихарт
Северната војна против Шведска за царот Петар I започнала со катастрофален пораз кај Нарва во 1700 година. Кралот Карл XII тогаш проценил дека со Русите е свршено и се свртел да војува против полскиот крал Август Силниот.

Оваа одлука го чинела скапо. Во текот на следните неколку години, Петар I ја освоил шведската Ингерманландија и во 1703 година таму го основал Санкт Петербург. На тој начин тој му покажал на непријателот дека Русија повеќе не планира да се мрдне од балтичките брегови.

Швеѓаните брзо станале свесни каква опасност за нивното владеење на бреговите на Финскиот залив претставува Санкт Петербург. Во 1704 година нивната војска го нападнала градот од копно и море, но командантот на одбраната Роберт (Роман) Брус го одбил нападот.

Затоа во 1705 година непријателот се решил на посериозен напад. Војската на генералот Георг Мајдел го зазела Камениот остров, кој се наоѓа недалеку од Петропавловската тврдина, историското јадро на градот. Меѓутоа, понатамошниот продор бил спречен.

Три години подоцна, Санкт Петербург бил неуспешно нападнат од армијата на Георг Либекер од 12 илјади војници. На 9 септември руската војска на Фјодор Апраксин го поразила непријателот на приодот кон градот во битката на Нева.

Набргу по поразот на Карл XII кај Полтава на 8 јули 1709 година, Русија почнала да ги освојува Балтикот и Финска. На Швеѓаните повеќе не им било до освојување на Санкт Петербург, каде во 1712 година Петар I ја пренел престолнината на својата држава.

Градот се појавувал во шведските воени планови и за време на војната 1741-1743 година и 1788-1790 година. Меѓутоа, непријателот не успеал ни да му се доближи. Добро заштитената престолнина на Руската империја станала недостапна за Швеѓаните.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња