Зимата 1237 година монголската војска на Бату-кан продрела во руската земја. Прво на нејзиниот пат било Рјазанското кнежевство со престолнина во Рјазан.
Пред опсадата, Монголите запалиле голем број мали градови во Рјазанското и Пронското кнежевство. Некои од нив биле буквално избришани од лицето на земјата. Други биле претворени во мали села кои постојат и денес.
Потоа на ред дошла престолнината. Добро утврдениот град одолевал пет дена. Во одбраната учествувале сите што можеле да носат оружје.
Меѓутоа, силите на Монголите биле надмоќни. Според староруската „Повест за тоа како Бату-кан го уништи Рјазан“, градот паднал на шестиот ден од опсадата, на 21 декември 1237 година.
„И во градот многу луѓе, и жени и деца, исекоа со мечевите. А други ги удавија во реката, а свештениците и монасите до еден беа исечени, и целиот град го запалија... И ги опустошија храмовите Божји и во светите олтари многу крв пролеаја. И не остана во градот никој жив: сите умреа подеднакво и истиот смртен пехар го испија“.
И покрај неколкуте обиди, уништениот град никогаш не бил обновен. Во XIV век престолнината на кнежевството била преместена 50 километри понатаму, во Переславл-Рјазански. Овој град подоцна го променил своето име во Рјазан којшто го знаеме денес.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче