Тоа, наводно, се случило во 1697-1698 година, кога младиот цар патувал низ Европа, дознавал за напредокот во другите земји и ги канел учените странци да работат во Русија.
Некои земји Петар ги посетувал инкогнито, сакајќи, на пример, како обичен човек да научи како се градат бродови. Но, како странец висок преку два метри и не можел многу да остане незабележан.
По патувањето низ Европа, царот се посветил на спроведување реформи, забранил многу вековни традиции, па дури и наредил Новата година да се смета од 1 јануари!
Многумина го поставувале прашањето, дали е тоа навистина нивниот цар? Се зборувало дека рускиот монарх останал во Европа, а наместо него дошол германски шпион.
Но, сето тоа се само приказни, бидејќи секој чекор на Петар во Европа е запишан од сведоци од неговото опкружување, вклучително и од странци.
Што се однесува до неговиот интерес за сè што е туѓо, Петар Алексеевич и пред патувањето по Европа го сакал „германскиот начин на живот“, односно да го поминува времето во германската колонија, таканаречената Германска Слобода. Така што уште тогаш се зборувало дека бил заменет уште како бебе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче