Скаут
Аркадий ШайхетПред војната СССР практично не правеше проекти за производство на оклопни возила, така што почетокот на војната против Третиот Рајх земјата го дочека без нив. Тогаш на помош на Црвената армија ѝ притекнаа западните сојузници.
Соединетите држави и Велика Британија му испорачаа на Советскиот Сојуз преку шест илјади транспортери. Околу илјада од нив беа полугасеничарите М2, М5 и М9.
Само мал дел од полугасеничните возила беа испратени во оклопните и механизираните единици на Црвената армија. Останатите беа користени за влечење артилериски орудија.
Поинаква судбина ги снајде британските Универзални транспортери и американските М3 „Скаут“. Тие добија шанса да се борат на бојното поле.
Universal Carrier
Јавен доменГлавниот оклопен транспортер на Вооружените сили на Велика Британија и земјите на Комонвелтот можеше да превезе десант од најмногу пет војници, имаше митралез со калибар 7,7 или 13,9 мм и достигнуваше брзина до 48 километри на час на уреден пат. СССР за време на војната доби над две илјади такви борбени возила.
За време на првата половина на војната, гасеничните Универзални транспортери главно се користеа за извидување и набљудување. А пред крајот на светскиот конфликт почнаа активно да учествуваат во борбените дејствија.
Советските митралесци со оклопните транспортери ги пристигнуваа германските колони што се повлекуваа, засипувајќи ги со оган и фрлајќи врз нив рачни бомби. „Се сеќавам како со нив ги бркавме Германците, ги газевме со овие транспортери...“ – раскажува врскарот Анатолиј Козлов.
Universal Carrier
Јавен доменАнглиското борбено возило, според советски војници, имаше многу недостатоци: слаба способност за движење по неуреден терен (особено зиме), брзо абење на гасениците, слабо вооружување и слаба заштита и екипажот и десантот. Дури и кога ќе се наведнеа, војниците остануваа на удар на куршумите и шрапнелите.
Десантното одделение на возилото беше прилично тесно, а освен тоа, во средината се наоѓаше хаубата за моторот, во која војниците удираа со колената. Во топла доба на годината беше крајно непријатно да се биде тука. Од друга страна, зиме таквата конструкција беше многу погодна, па командирот и возачот во паузите од предното одделение се префрлуваа во десантното да се загреат.
Скаут
Јавен доменСпоред борбените карактеристики, американскиот оклопен транспортер М3А1 „Скаут“ го надминуваше британскиот колега. Беше вооружен со митралези со калибар 12,7 и 7,62 мм, превезуваше десант од седум војници и достигнуваше брзина до 81 километар на час на уреден пат (меѓутоа, на неуреден терен се движеше послабо).
Во Црвената армија имаше над три илјади „Скаути“. Како и Универзалните транспортери, на почетокот на војната тие главно служеа како извидувачки возила. Покрај тоа, со нив често се транспортираа ранети или ги користеа штапски офицери.
Подоцна, благодарение на моќното вооружување и добриот преглед на бојното поле што го даваа, американските оклопни транспортери се покажаа одлично во уличните борби. Умееја брзо да се пробијат до зграда што ја држеше непријателот и со својата огнена моќ ефикасно даваа силен отпор.
Командата често ги користеше брзите „Скаути“ за да му го пресечат патот за повлекување на непријателот, да заземат важни речни премини и да ги држат до доаѓањето на главнината на силите. На американските оклопни транспортери честопати им беше доверено да ги чуваат автомобилите на значајни советски команданти.
Маршал Жуков во Берлин
Виктор ТеминЗа разлика од Универзалните транспортери, војниците на Црвената армија практично немаа забелешки кога се работеше за сигурниот и практичен М3А1. Затоа, разбирливо е што во проектот на првиот советски сериски оклопен транспортер БТР-40 може да се забележи сличност со американскиот модел.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче