Колку пати беше на робија Сталин?

Пред да стане Татко на сите народи, Јосиф Висарионович Џугашвили наречен Коба беше жесток борец за среќата на работничката класа. И таа активна револуционерна дејност повеќе пати го испрати на робија.

1. Јосиф Џугашвили за прв пат е уапсен во 1902 година. Тогаш има најмалку 23 години (роден е во 1878 или 1879 година) и извесно време поминува во затворите во Батуми и Кутаиси, а потоа е протеран во Сибир на три години. Бега само еден месец подоцна.

Сталин 1910 година

2. Втор пат е уапсен во март 1908 година и по затворската казна во Баку во февруари 1909 година е протеран на север, во Солвичегодск (Архангелска област). Веќе во јуни бега и од таму.

3. Фатен е пролетта 1910 година и вратен во Солвичегодск. Таму поминува 9 месеци, до наредното бегство.

32-34-годишниот Сталин, како што пишува во полициското досие

4. Од крајот на 1911 година до февруари 1912 година Јосиф Џугашвили принудно престојува во Вологда, само три месеци наместо три години, како што гласи пресудата. Од Вологда бега во Санкт Петербург.

5. Идниот вожд не останува долго во престолнината на империјата. Уапсен е веќе во април и испратен во сибирски Нарим. Од каде што бега по 38 дена. 

Сталин 1915 година

6. Во март 1913 година Јосиф Џугашвили, односно Коба, веќе како познат револуционер со прекар Сталин, е протеран во Сибир, во Туруханскиот крај, а потоа во градот Ачинск. И единствениот пат за малку не ја одлежува казната од првиот до последниот - четири години робија. Го ослободува Февруарската револуција во 1917 година.

Сталин во Манастирско село (денес Туруханск) меѓу протераните болшевици, 1915.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња