Винстон Черчил, Хари Труман и Јосиф Сталин во Потстдам
Getty ImagesСоветскиот лидер не сакаше да патува во странство. Тој повеќе сакаше да го поминува одморот во својата земја и во неа да се среќава со странските државници. Дури и не сакаше многу да патува со авион.
Во младоста, напротив, сè беше обратно. Во времето на неговата револуционерна работа Јосиф Висарионович (во тоа време се презиваше Џугашвили) мошне често патуваше во странство. Во април 1906 година, тој присуствуваше на Четвртиот конгрес на Руската социјалдемократска работничка партија (РСДРП) во Стокхолм, а во 1907 година присуствуваше на Петтиот конгрес во Лондон.
Во септември 1912 година идниот „татко на народите“ избега од егзил во Сибир и преку цела Европа со фалсификувани документи стигна во Швајцарија, каде што се сретна со Ленин, кој таму беше во егзил.
Јосиф Сталин и Хари Труман во резиденцијата на Сталин во Нојбабелсберг во текот на Потсдамската конференција.
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruОткако во 1924 година стана шеф на државата, Сталин само двапати излезе надвор од земјата. Во ноември 1943 година беше на конференцијата на „Големата тројка“ во Техеран, каде што се сретна со претседателот на САД Френклин Рузвелт и премиерот на Велика Британија Винстон Черчил.
Од Москва отпатува со специјален воз до Баку и таму со тешко срце се качи на воен транспортен авион Douglas C-47 Skytrain (кој САД му го испорачаа на СССР врз основа на Законот за заем и наем) и, придружуван од 27 авиони-ловци, ги прелета Каспиското Море за да стигне до Иран.
Втор и последен пат отиде во странство во јули 1945 година, на состанокот на лидерите на „Големата тројка“ во Потсдам. Поради тоа целата железничка траса од границата на СССР до германскиот град во должина од 828 километри беше преправена од стандардниот европски во советскиот широк колосек.
На конференцијата на „Големата тројка“ во Потстдам.
Fotograaf Onbekend/AnefoВо специјалниот оклопен воз на Сталин имаше 70 припадници на обезбедувањето. Пред и зад него одеа уште два воза со офицери и војници на НКВД. Покрај тоа, за безбедноста на целата траса на специјалниот воз беа одговорни 17000 војници, што значи дека на секој километар од пругата стоеја на готовност од 6 до 15 војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче