Две престолнини на Златната Орда се наоѓаат во Русија

Legion Media
Градовите Стар и Нов Сарај биле престолнини на Златната Орда. Се наоѓале на бреговите на реката Ахтуба во денешните Волгоградска и Астраханска област. Што има сега на тоа место?

Стар Сарај (Сарај-Бату) – село Селитреное, Астраханска област

Сарај-Бату

Градот бил основан од Бату-кан во текот на 1250-тите. На почетокот на XIV век Сарај-Бату се протегал 10-15 километри во должина и зафаќал површина од 36 квадратни километри, огромна за тоа време. Бил поделена на окрузи по етничките групи.

Сарај-Бату

Во него живееле Руси, Половци (Кумани), Черкези, Волшки Бугари и Византијци. Вкупно над 70000 луѓе.

Центарот со куќи од печена или сирова тула зафаќал околу 10 км2. Палатата на канот била обложена однатре со керамички плочки со позлата и украсена со стихови на персиски јазик.

Сарај-Бату

Процутот на Сарај-Бату траел нешто повеќе од половина век. Канот на Златната Орда Узбек (Узбег), кој владеел од 1313 до 1341 година, ја преместил претолнината спротиводно по реката Ахтуба и ја нарекол Нов Сарај.

Сарај-Бату

После тоа стариот град брзо пропаднал. „Историските“ згради кои сега стојат во селото Селитреное кај Астрахан се само декорација направена во 2012 година за снимањето на филмот „Орда“. Денес тоа е туристички објект и историски парк „Сарај-Бату“.

Селитреное, остатоци од стариот град

Нов Сарај (Сарај-ал-Џедид, Сарај-Берке) – село Царев, Волгоградска област

Царев, спомен-плоча

Можеби новата престолнина била основана од Берке-кан уште во 1260-тите, но тоа е само претпоставка. Ниту локацијата на градот не е целосно утврдена.

Тамерлан

Преовладува мислењето дека се наоѓала во близина на сегашното село Царев во Волгоградската област. Кога во 1361 година Златната Орда била зафатена од политичка криза поради борбата околу престолот, позната како „Големата смут“, градот преоѓал од едни раце в други, за да биде разурнат во 1395 година од трупите на Тамерлан кои се бореле против канот Тохтамиш.

Царев, спомен-плоча

Сега на местото на градот има ендеци и една осамена спомен плоча.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња