- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Првиот пат во рацете на советската војска Хартман падна на 19 август 1943 година на подрачјето на градот Сталино (Донецк). По воздушна битка беше принуден со својот „Месершмит“ принудно да слета на непријателска територија.
Кога виде дека му се приближуваат војници на Црвената армија, пилотот се преправаше дека е ранет. Го ставија на носилка и го сместија во камион кој одеше за штабот.
Хартман чекаше момент да го нападне единствениот стражар на конвојот и да го онесвести. Потоа скокна од возилото и се скри во нива меѓу високи сончогледи. При преминувањето на линијата на фронтот за малку ќе беше убиен од германски војник кој не поверува дека пред него се наоѓа пилот на „Луфтвафе“.
Вториот пат Ерих Хартман се најде во советско заробеништво пред крајот на војната пролетта 1945 година. Овој пат му било судено да се задржи подолго. Германскиот ас се врати во својата земја дури во 1955 година.