- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Дмитриј Балтерманц е еден од ретките советски фотографи кој за време на неговиот живот беше признат во странство. Во текот на 1960-тите имаше успешни изложби во Лондон и Њујорк, а во Советскиот Сојуз милиони читатели на списанието „Огоњок“ („Огонёк“) ги красеа ѕидовите на заедничките станови со негови фотографии исечени од насловните страници.
Математичар по образование, но вљубеник во фотографијата, Балтерманц ја напушти науката во 1939 година и стана фоторепортер на весникот „Известија“ и во тоа својство набргу потоа замина на фронтот. Сцените од војната што ги сними го сместија меѓу класиците на светската фотографија. Снимките направени за време на одбраната на Москва, кај Сталинград и на Крим му донесоа светска слава.
Неговиот талент беше согледан во Советскиот Сојуз дури по војната, а за време на воените дејствија издавачите одбиваа многу од неговите извештаи бидејќи беа премногу брутални. На воената хроника ѝ беа потребни стандардни слики на „славните советски воини“, а Балтерманц ја достигна големата ера на советската авангарда која го обликуваше неговиот визуелен јазик. На тој јазик „зборуваше“ со гледачот и во мирнодопски услови. За вас подготвивме некои од неговите главни работи од повоениот период.
1. Тестирање на новиот автомобил ЗИС-110, 1947.
3. Погребот на Сталин, 1953.
4. Заемно хранење – кашмирски обичај на врвно гостопримство, 1955.
5. На покривот на хотелот „Украина“, 1957.
6. Шестиот светски фестивал на младината и студентите во Москва, 1957.
7. Избор на место за споменик на Владимир Мајаковски, 1958.
8. Плажа на Днепар, 1958.
9. Деца пред автомат со газирана вода, 1958.
10. Сушење на животински кожи, 1960-тите
11. Јуриј Власов, олимпискиот шампион во дигање тегови, 1960.
12. Од серијата „Коља живее во Москва“, 1960-тите
13. Во чекална. 1960-тите
14. „Главниот часовник на државата“, 1964.
15. Портрет на маж пред споменик на Ленин, 1965-1973.
16. Во породилно, 1970.
17. Посетата на Леонид Брежнев на Узбекистан, 1970-тите
18. Цевки за гасовод, 1971.
19. Портрет на жена во години, 1972.
20. „Без свртување. Два Илича“, 1972.