Благодарение на официјалниот состанок на Бурјатско-Монголската Автономна Советска Социјалистичка Република во 1936 година земјата случајно ја доби една од најпопуларните фотографии на Сталин. „Самиот Бог ни ја испрати таа мала Бурјаткинка. Ќе направиме од неа икона на среќното детство“, рече тогаш главниот уредник на весникот „Правда“ Лав Мехлис.
Фотографијата „Пријател на децата“. Сталин ја држи во раце Геља Маркизова (1936).
Михаил КалашниковТака и беше. Фотографијата на Сталин и Геља (полно име Енгелсина) беше објавена во сите весници со натпис „Благодариме другар Сталин за нашето среќно детство!“. Беше поставена на плакати, а познатиот скулптор Георгиј Лавров направи споменик на Сталин и Геља, кој се појавуваше насекаде. Девојчето стана популарно, но тоа не траеше долго.
Сталин и Молотов ѝ подаруваат на Геља рачен часовник.
Public domainГодина и пол подоцна, нејзиниот татко беше уапсен, обвинет за шпионажа и стрелан, а мајка ѝ испратена во Казахстан, каде што во 1939 година умре под чудни околности и тој случај не беше истражен.
Страница од судскиот процес на Ардан Маркизов
Архив на ФСБГеља не ја гибаа, но мораше да се реши прашањето на нејзиниот култ. Сталин повеќе не можеше да позира на плакати „со ќерката на непријателот на народот“, а од друга страна, не беше можно да се уништат сите весници и скулптури.
Мамлакат Акбердиевна Нахангова
Public domainТука властите покажаа орвеловска итрина и пронајдоа слично девојче, пионерката Мамлакат Нахангова, и ѝ го припишаа името на славното девојче, заедно со сите портрети и постери. Направија неколку нови фотографии на Мамлакат со скулптурата во позадина, како да е таа девојчето во прегратките на Сталин, а советските граѓани не забележаа ништо.
Мамлакат Нахангова (лево) на состанок со Ј. В. Сталин, декември 1935.
Михаил КалашниковМалата Геља Маркизова ја усвои нејзината тетка, сменувајќи ѝ ги името и презимето. Геља стана ориенталист, си го проживеа мирно животот, роди две деца и почина на 76-годишна возраст.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче