Ги издвоивме најголемите и најпознатите руски градови кои своето потекло му го должат на Петар Велики.
Сизрањ се никнал како град-тврдина со цел да ги штити териториите и трговските патишта источно од Москва. Указот за неговата изградба е потпишан од малолетниот Петар и неговиот брат Јован. Градот многу брзо ја изгубил одбранбената функција и во XVIII век прераснал во главен трговски центар на Поволжјето.
Таганрог се појави на картата на Русија по Вториот Азовски поход на Петар во 1696 година, во кој руските трупи ја зазедоа турската тврдина Азов. Таа стоеше на устието на Дон и не одговараше на потребите на Азовската флота формирана од Петар во 1695 година, бидејќи поради плитката вода бродовите не можеа да стигнат до неа. Затоа, на ‘ртот Тагани Рог е изградена Троицката тврдина со пристаниште и таа беше првото руско пристаниште на отворениот брег на морето и првата руска военопоморска база на Русија.
Во својата преписка со Волтер, Екатерина II пишува дека Петар дури ја разгледувал можноста да ја пресели престолнината во новата тврдина. Меѓутоа, веќе во 1711 година, според условите на договорот со Турците, тврдината беше срамнета со земја. Таганрог го започна својот втор живот во 1769 година.
Градот настана од населбата Каменски Завод, формирана при првата леарница за железо на Урал, која е основана со указ на Петар I на бреговите на реките Каменка и Исет. Со влегувањето на Русија во Северната војна (1700-1721) и потребата од железо за снабдување на војската со топови, царот го сврте своето внимание кон непокорените територии на Урал богати со руда. Топовите излеани во Каменската леарница за железо беа користени во Полтавската битка на 27 јуни 1709 година.
Градот е основан со декрет на Петар на местото на древните населби чии жители се занимавале со бродоградба. Локалните висококвалитетни борови шуми го привлекоа вниманието на Петар I, па на ова место започна изградбата на Олоњецкото бродоградилиште. На него се градени бродовите за руската флота која учествуваше во Северната војна.
Населбата го доби името по рамнината Лодејно Поле (од зборот „ладья“ - голем чамец, барка; „лодья“ во северен изговор). Во 1785 година, Екатерина II ѝ додели на населбата статус на град. Денес, овој град се третира како родно место на Балтичката флота.
Ова е главниот град на Република Карелија и „врсник“ на Санкт Петербург. Историјата на градот започнува со поставувањето на темелите на Шујската (подоцна Петровска) металуршка фабрика и оружарница. Подрачјето беше богато со наоѓалишта на бакар и железна руда, па тука беше изградено претпријатие за производство на топови, неопходни за водење на Северната војна. Набргу во близина никна истоимената населба Петровски Заводи. Градот го доби своето сегашно име во 1777 година со декрет на царицата Екатерина II.
Со указ на Петар I на овие простори започна изградбата на Липските (Липецките) железарници, како и на металуршки фабрики и фабрики за оружје. Претпријатијата ги снабдуваа со железо Воронешките бродоградилишта и правеа топови за бродовите. Истовремено растеше и фабричката населба Липски Железни Заводи. Липецк го доби своето име и статус на град на 16 септември 1779 година.
Како и Лодејно Поле, и оваа населба е создадена до бродоградилиште, изградено 1702 година по наредба на Петар Велики на местото на Николо-Медведскиот манастир. Две години подоцна, со указ на царот, основана е Нова Ладога. Градот го доби името по езерото Ладога, на чиј брег никна.
Стара Русија од 753 година веќе имаше една Ладога, резиденција на првиот новгородски кнез Рјурик, па неа Петар ја преименуваше во Стара Ладога.
Историјата на Бијск е поврзана со основањето на Бикатунското утврдување, изградено по наредба на Петар Велики на сливот на реките Бија и Катуњ за да ги штити југоисточните граници на земјата и трговските патишта кон Кина и Монголија. Една година подоцна, тврдината беше изгорена од војската на Џунгарскиот канат, а во 1718 година повторно изградена на 20 километри низводно и преименувана во Бијска тврдина.
Градот изникна од Омската тврдина, основана од соборецот на Петар Иван Бухољц на устието на реката Ом во Иртиш, за да ги заштити јужните граници од нападите на номадите Ојрати. Тој дејствуваше во согласност со указот на Петар за „изградба на тврдини по должината на реката Иртиш“.
Се смета дека Перм е основан кога била изградена Егошихинската топилница за бакар. Градот го основа Василиј Татишчев, соработник на царот, кому Петар Велики му наложи да изгради фабрики за топење бакар и сребро на Урал. Перм доби статус на град во 1781 година.
Градот настана во близина на железарницата, некогаш најголемата во Европа, изградена на реката Исет. Татишчев се смета за непосреден „татко и основач“ на градот, а еден од основачите е и рударскиот инженер Вилхелм де Генин. Изградбата на фабриката и тврдината започна со указ на Петар, а градот го доби името во чест на неговата сопруга, императорката Екатерина I.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче