Зошто руските императори се ословувале себеси со „ние“?

Russia Beyond/Јавен домен
Руските цареви се ословувале себеси со „ние“ место со „јас“. Таков бил обичајот, како и во секоја друга монархија. Оваа традиција потекнува од времето одамна пред настанувањето на Руската империја.

Вакватаа употреба на заменката се нарекува Pluralis majestatis (преведено од латински - „владетелска множина“). Овој обичај води потекло од религиозните списи. Во Танахот (хебрејските списи) Божјето име се користи во множина што укажува на неговата семоќ. Во множина зборуваат за себе и се обраќаат еден на друг и луѓето блиски до владетелот: „И му рече Авесалом на Ахитофел: дајте ни совет што да правиме“.

Во случајот со владетелите на земјите, смислата на „владетелската множина“ е во тоа што тие не се претставуваат само себеси, туку и народот на чие чело се наоѓаат.

Првиот владетел на Русија кој почнал да користи множина во својата официјална титула бил великиот кнез Московски Василиј III, таткото на Иван Грозни. Неговата титула почнувала вака: „Со Божји благослов, ние, големиот господар Василиј...“

Неговиот син Иван Грозни во приватната кореспонденција (на пример, со кнезот Андреј Курбски) ги менувал „ние“ и „јас“, зборувајќи за себе во еднина во најемотивните делови од своите писма. Притоа во својата официјална титула не го вклучувал Pluralis majestatis. Почнувајќи од Алексеј Михајлович, владетелската множина се користела во сите официјални титули на владетелите сé до Николај II.

Според популарното верување, наводно царевите во Русија почнале да користат „ние“ откако од 1682 до 1689 година на тронот заедно биле полубраќата по татко Иван и Петар Алексеевич.

Иван V и Петар I на тронот

Иван и Петар навистина потпишувале официјални документи во кои се спомнуваат истовремено, на пример, патната повелба за високиот чиновник Фјодор Головин од 20 јануари 1685 година („Од царевите и великите кнезови Иван Алексеевич, Петар Алексеевич на целата Голема и Мала и Бела Русија самодржци“). Но, овој вид множина веќе постоела во рускиот јазик. Владетелите ја користеле и пред и по Иван и Петар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња