- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
„Берлинците не сакаат да бидат предмет на размена! Не можете да тргувате со нас, не можете да преговарате за нас и не можете да нé продавате“, рече Ернст Ројтер пред толпата собрана пред опожарената зграда на Рајхстагот на 9 септември 1948 година.
Getty Images
Градоначалникот на Западен Берлин Ернст Ројтер беше симбол на отпорот за време на советската блокада на градот што започна во 1948 година. Меѓутоа, пред да се крене против Советите во Берлин, Ројтер ги споделуваше ставовите на своите противници, па дури и работеше во СССР.
Getty Images
За време на Првата светска војна Ројтер беше мобилизиран во германската армија и испратен на Источниот фронт, каде што беше ранет и заробен. Инспириран од идеите на Октомвриската револуција, Ројтер им се придружи на болшевиците и организираше други затвореници да ги поддржат овие идеи. Талентот на заробениот војник не остана незабележан. Ројтер се запозна со Ленин и Сталин. Како народен комесар беше испратен во Поволожје со цел да ја организира локалната администрација на поволшките Германци лојални на новата власт.
„Младиот Ројтер беше паметна и бистра глава, но малку премногу независен“, наводно рекол Ленин за идниот градоначалник на Берлин. Вистина, независноста на Ројтер брзо се покажа.
Иако ја доби поддршката од водачот на Октомвриската револуција да основа партиска организација во Берлин, во 1921 година Ернст Ројтер беше исклучен од Комунистичката партија на Германија поради внатрепартиски конфликти. Прогонет од нацистите, Ројтер ја напушти Германија, каде што се врати дури по Втората светска војна. И покрај неговата претходна поврзаност со комунистите, Ројтер се здоби со популарност меѓу жителите на градот и со текот на времето ја презеде функцијата градоначалник на Западен Берлин.
Getty Images
Во текот на својот живот Ернст Ројтер преживеа неколку големи пресврти. Од воен заробеник стана соработник на Ленин, а потоа жесток противник на СССР и симбол на отпорот за многу жители на Западен Берлин за време на блокадата.