Како актерот од хорор-филмот „Носферату“ за време на Големиот терор самиот се „напил туѓа крв"

Russia Beyond (Photo: Legion Media; Gerald Praschl (CC BY-SA 3.0); Rolf Mahrenholz/Ullstein bild/Getty Images)
Пред точно сто години, во далечната 1922, во Германија е снимено вистинско филмско ремек-дело кое имало големо влијание во светската култура. Ретко во кој филм може да се види толку морничав вампир како што е тоа грофот Орлок во филмот „Носферату – Симфонија на ужасот“ на режисерот Фридрих Мурана. Тој и денес делува мошне импресивно.

„Носферату“ беше првата, иако не и авторизирана, екранизација на романот на Брем Стокер „Дракула“, а актерите кои играа во филмот станаа славни за сите времиња. Еден од нив беше Густав фон Вангенејм во улогата на Џонатана Хакера (во овој филм Томас Хатер).

Густав фон Вангенејм во филмот „Носферату – Симфонија на ужасот“

Малкумина знаат дека веќе по „Носферату“ животот на припадникот на старото германско семејство Фон Вангенејм стана нераскинливо поврзан со Советскиот Сојуз, со Големиот терор кој се случуваше во оваа земја и со смртта на една од најубавите жени во Германија.

Советски аристократ

Без оглед на своето аристократско потекло, Густав беше свртен кон идеите на социјализмот и практично веднаш по премиерата на својот најпознат филм стапи во редовите на Комунистичката партија на Германија. Меѓутоа, актерот не се брзаше да се откаже од сите придобивки на животот на високото општество и сакаше себеси да се нарекува „денди комунист“.

Во 1933 година по доаѓањето на власт на нацистите фон Вангенејм избега од земјата и набргу се најде во Москва, продолжувајќи да се занимава со творештво. Пишуваше есеи и драми и ја основаше театарската трупа „Лева колона“ што беше составена од германски актери-емигранти.

Во 1936 година Густав фон Вангенејм го режираше антинацистичкиот филм „Борци“. Интересно е тоа што го ангажираше актерот од екипата на „Носферату“, Александар Гранах, кој во филмот од 1922 година го играше Кнок (во романот „Дракула“ тоа е Ренфилд“).

Најнепријатната епизода од животот на германскиот аристократ во СССР беше случајот на германскиот комунист наставник по руски јазик Анатол Беркер и неговата сопруга актерката Карола Нејер.

Дојава

Како и фон Вангенејм сопружниците избегале од Германија барајќи спас од нацистите. Прибежиште нашле во СССР, без да насетат каква страшна судбина ги чека.

Една од плејадата водечки германски актерки Карола Нејер му била муза на писателот Бертолт Брехт. Кон крајот на дваесеттите години има играно во претстава поставена според неговата драма „Опера за три гроша“. Висока, атлетски градена, модерна и смела, имала репутација на „фатална жена“, а многумина ја сметале за една од најубавите жени во Германија.

Нејер во Москва играла во трупата „Лева колона“ на Густава фон Вангенејм, сѐ додека во 1936 година не се нашла на удар на масовните репресии. Сопружниците биле обвинети дека се приврзаници на Лев Троцки кој веќе беше паднат во немилост. Дојавата за „елементи задоени со троцкизам“ ја напишал токму „денди комунистот“.

Бекер е стрелан во 1937 година, а Нејер е осудена на десет години логор. Актерката како што можела се трудела затворот да не ја скрши. „Се трудеше да го зачува убавиот изглед, се грижеше за себе, редовно се занимаваше со гимнастика. За разлика од сите нас останати имаше мазна убава кожа, без оглед на страшните услови поради кои луѓето брзо старееја“, рекла Карола Хилда Дјут, со која ја делела ќелијата.

Карола Нејер сепак починала во затворвот во Сољ Илецк кај Оренбург од тифус (затворот денес е познат под името „Црни делфин“). Имала 41 година. Рехабилитирана е заедно со сопругот 17 години подоцна.

Густав фон Вангенејм, пак проживеал долг и удобен живот. По завршувањето на Втората светска војна се вратил во Берлин каде извесно време работел како управник на Германскиот театар, а потоа со години работел како сценарист и режисер на уметнички филмови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња