Како искусен лидер и револуционер-илегалец, Ленин неволно им ја препушти на други улогата на формално управување со советската држава. А која функција ја избра? За да го разбереме ова прашање, прво мора да погледнеме какви радикални промени донесе Октомвриската револуција во државното уредување на Русија.
Во октомври и ноември 1917 година во Петроград (како што се викаше Санкт Петербург за време на Првата светска војна) имаше две главни политички сили - Привремената влада на чело со Александар Керенски, чие седиште беше во Зимскиот дворец, и Петроградскиот воено-револуционерен комитет на чело со ЛавТроцки, кој имаше „база“ во Институтот „Смолни“ (најчесто го нарекуваа само Смолни).
Апсењето на Привремената влада
Михаил СоколовНа 6 и 7 ноември 1917 година Воено-револуционерниот комитет објави соопштение во кое ја осудува Привремената влада и нејзините потези. Болшевиците ги запоседнаа центрите за врска во цел Петербург и ја презедоа контролата над нив со заземање на Централните телеграфски и телефонски станици. Во меѓувреме, во градското пристаниште пристигна флотила од 45 разурнувачи чии посади беа лојални на болшевиците.
Рано наутро на 8 ноември 1917 година, револуционерите го запоседнаа Зимскиот дворец и ги уапсија членовите на Привремената влада. Во тој момент во Смолни веќе се одржуваше Вториот серуски конгрес на Советите на работничките и војничките депутати (пратеници).
„Смолни“, 1917.
Public domainЛенин предложи на конгресот да се избере Серуски централен извршен комитет како највисок орган на власта во земјата, а покрај тоа да се формира и привремена работничко-селанска влада во форма на Совет на народните комесари.
Штом беше отстранета Привремената влада, на местото на Руската империја се појави нова држава - Советска Русија. Од 1917 до 1922 година се викаше Руска Социјалистичка Федеративна Советска Република. Нејзиниот прв претставнички орган беше Вториот Серуски конгрес на Советите на работничките и војничките депутати. На него беа избрани членовите на двете најважни државни тела.
Владимир Илич Ленин и Михаил Калинин
Public domainСерускиот централен извршен комитет беше највисокиот орган во новата држава. Нему му припаднаа законодавните и административните функции. На чело на ова државно тело најпрвин беше Лав Каменев, по него Јаков Свердлов (1917-1919), а од 30 март 1919 година Михаил Калинин. Тој формално беше шеф на државата до својата смрт во 1946 година.
Советот на народните комесари (СНК) беше вториот по важност државен орган. И нему му припаѓаше извршната власт. Тоа фактички беше владата на Советска Русија. Ленин беше претседател на Советот на народните комесари, или во денешно сфаќање, премиер на Советска Русија и СССР. На таа функција остана до својата смрт на 21 јануари 1924 година.
Седница на Советот на народните комесари со која претседаваше Ленин, 1927.
Дмитриј КардовскиАко стриктно се придржуваме до словото на законот, можеме да кажеме дека Ленин никогаш не бил на чело на државата во Советска Русија и СССР. Тој беше на помалку значајната функција „премиер“, што му овозможуваше да не ги врши сите претставнички и административни функции што требаше да ги извршува шефот на државата. Еден од нив е потпишувањето на голем број документи. Наместо сето тоа, Ленин можеше повеќе да се посвети на носењето одлуки во својство на шеф на извршната власт на советската држава.
Таа тенденција продолжи и во СССР. Сталин и Хрушчов никогаш не беа на ниту една од двете функции на формален шеф на државата, т.е. на позицијата претседател на Серускиот централен извршен комитет (до 1938 година) и претседател на Президиумот на Врховниот совет (1938-1989).
Ленин во Смолни на заседание на Советот на народните комесари.
Public domainБрежнев беше првиот формален и фактички шеф на СССР, бидејќи истовремено беше и лидер на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и претседател на Президиумот на Врховниот Совет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче