Грабежливците планирале да ја ограбат стоковната куќа „Молодјожни“, знаменитоста на советскиот главен град. Тука се продаваше дефицитарна роба, и со самото тоа имаше најмногу готовина. Во вечерните часови на 14 ноември 1986 година касиерите, судејќи според извештаите, собрале преку 330 илјади рубли, што во тој момент изнесува околу 530 илјади американски долари.
Во 21:10 пред главниот влез во стоковната куќа запира камионот со готовина. Припадник на обезбедувањето влегува во продавницата, ги зема парите и се враќа до камионот. Во тој момент го погодува куршум.
Валериј Финев и Игор Книгин (горе), Евгениј Субачов и Константин Голубков (долу)
Архив на Министерството за внатрешни работи на РФВеднаш започнува престрелка во која гинат шест лица, а потоа полицијата трга во потера по злосторниците. Пљачкашите имаат искуство од работата во вооружените структури и се немилосрдни.
На крај сепак сите се уапсени или убиени. Грабежот на стоковната куќа „Молодјожни“ често се наведува како најголемиот грабеж во историјата на Советскиот Сојуз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче