Автомобил поминува покрај портретот на Јуриј Андропов на улица во Москва.
По Леонид Брежнев, токму Јуриј Андропов беше тој кој имаше задача да ги бакнува странските лидери (а особено лидерот на Источна Германија, Ерих Хонекер, на фотографијата).
Познатите поети Андреј Вознесенски (лево) и Андреј Дементјев муабетат во канцеларијата на списанието „Младина“.
Првите звуци на слободата: Советите танцуваат на жива џез-музика.
Вака изгледаше обичен машки тоалет во Советскиот Сојуз.
Во 1983 година Владимир Ленин и понатаму беше идол. На фотографијата подолу скулптор привршува биста на водачот на Револуцијата од 1917 година.
Група ентузијасти се занимаваат со еден од најпопуларните национални спортови.
Работниците го слават производството на 100-милионитиот тон сирово железо во фабриката за машини во градот Череповец со оваа групна фотографија.
Тинејџери во стоковната куќа ГУМ во Москва.
Две легендарни балерини: Галина Уланова и Ана Павлова (на портретот).
Националната поп-ѕвезда Ала Пугачова на проба. Во 1983 година беше снимена нејзината позната песна „Милион црвени рози“.
Работници во стрелиште во текот на паузата за ручек.
„ДОБРЕДОЈДОВТЕ!“ Дами се одмараат во павилјон на парк во Сибир.
Пионери галат куче.
Митинг по повод празникот на трудот во градот Новокузнецк.
Жена со транспарент „Среќа“ брза на митинг по повод празникот на трудот.
Рускиот билјард беше еден од најпопуларните видови забава за мажи.
Дами имаат час по пливање на локален базен во Сибир.
Туристи шетаат на московскиот Црвен плоштад.
Илјадници луѓе ја слават Масленица на отворен саем.
Работнички учествуваат во кратка вежба на своето работно место.
Среќно советско детство: Деца уживаат во сладолед во парк.
Пионери бродомакетари.
Пролетни вибрации во Москва: граѓани се опуштаат во парк.
Балерина на театарот „Болшој“.
Млади советски скејтбордисти.
Ученичка од пријателска Африка на час по физичко со руски ученици.
Ѕирнете во руска бања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче