Источна бајка на советската естрада. Оваа песна е напишана за остварување снимено во Таџикистанската ССР, но на крајот стана попопуларна и од самиот филм. И ден-денес е на репертоарот на разни изведувачи.
Песна за чувствата кон оженет маж кои девојката на секој можен начин се обидува да ги сокрие, но се чини дека нему сé му е јасно. Една од најтажните љубовни песни од советските филмови.
Многу романтична и омилена песна во СССР, песна за девојка која не е „ништо посебно“, но вљубеното момче не може да го оттргне погледот од неа. Нејзиниот прв интерпретатор беше Јосиф Кобзон.
Муслим Магомаев беше еден од најпопуларните естрадни изведувачи во периодот меѓу 1960 и 1970 година. Песната за атрактивна девојка во која се вљубуваат сите мажи, во негова интерпретација стана голем хит.
Песната на фаталната убавица за тоа како ТОЈ разбудил во НЕА „лавина од страсти“. Музиката во стилот на танго и кадифениот глас на Аида Ведишчева не избледеа во сеќавањето на жителите на постсоветските простори веќе педесет години.
Оваа серенада на Трубадурите од анимираниот филм снимен по мотиви од бајките на браќата Грим советската публика ја сакаше многу. Во нумерата посветена на принцезата се пее за пречките во љубовта (но тие, секако, се премостливи).
„Ах, таа свадба, се пееше и играше“, песна во руски народен стил е напишана во советско време. Но, во такво расположени се јавува желба да се седне во руска тројка и да се отпатува кон зајдисонцето.
Можете да замислите колкава храброст му е потребна на тинејџер да ѝ се јави на телефон на девојката која му се допаѓа? И, што се случува, тој го врти бројот, а таа веќе отишла да шета со некој друг.
Песните во интерпретација на Ана Герман со молскавична брзина стануваа популарни во целиот Советски Сојуз. „Кога цветаа градините“ е песна за девојка која му поверувала на своето момче, но бадијала. По малку тажна, но неверојатно трогателна песна.
Колку може да биде неподносливо кога ќе дојде пролетта и сите се вљубуваат, а ти си сам. Но, сé се менува кога во вагонот на возот ќе ја видиш НЕА и не можеш да је заборавиш. Токму за тоа се зборува во оваа песна од седумдесеттите години на минатиот век.
Што и да се случува на планетата Земја, љубовта ќе пристигне... Слушнете само колку длабок и силен глас има оваа кревка девојка!
Исклучителна песна на момче кој учи да танцува пред огледало за да може да покани девојка во дискотека. Една од најпознатите песни на Тинис Мјаги од Естонската ССР!
„Јунона и Авос“ е најпознатата советска рок-опера. Станува збор за љубовта на руски морепловец и ќерката на командантот на гарнизонот во Сан Франциско која се случила на почетокот на XIX век.
Премиерата се одржа 1981 година во театарот „Ленком“ во Москва, а операта и понатаму е на репертоарот. Се разбира, во периодот од 40 години се менуваа актерите и некои сцени. Но, рок-операта не губи на популарност! Централната песна е романската „Никогаш повеќе нема да те видам, никогаш нема да те заборавам“.
Песната е напишана на стихови објавени уште во шеесеттите години на минатиот век. Оригиналноста на стиховите ја оспоруваа многу поети, а сенародна популарност стекна во 1987 година кога младиот изведувач Владимир Маркин ја испеа во емисијата „Утринска пошта“.
Лариса Долина ја започна својата кариера како џез-пејачка, но токму поп-музиката ја направи исклучително позната во времето на СССР. Песната „Половина“ и денес може да се чуе на радио-станиците, а Долина и понатаму настапува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче