20 ремек-дела на Михаил Розанов, архитектонски фотограф

Михаил Розанов/Ruarts
Секојдневно гледаме зданија, паркови и градски скулптури чии детали не ги забележуваме во брзиот ритам на животот. Можеме да ги согледаме дури на фотографиите направени од уметникот. И тогаш ги гледаме во ново светло, понекогаш како вистински уметнички дела.

Михаил Розанов е еден од најпознатите московски фотографи со препознатлив стил и тематика, кој работи главно во црно-бел формат. Неговите дела се карактеризираат со минимализам, како и со академска строгост и воздржаност.

Архитектурата е неговата страст. Розанов ширум светот ги фотографира своите омилени предмети. А во неговиот објектив тие често изгледаат како вистински уметнички дела.

Михаил го интересираат необичните стилови и објектите изградени на меѓата на епохите. На пример, тој ја посвети целата серија „Сон“ на свечената архитектура на сталинскиот ампир во Москва.

За советскиот неокласицизам е карактеристичен строгиот геометриски стил, кој е инспирација и за самиот Розанов.

Тој забележа и монументални декоративни детали кои обичниот минувач често не ги забележува.

Од советска Москва Розанов со леснотија се преместува во Лувр.

Се воодушевува од скулптурата и геометријата на парковите во Версај.

А потоа се враќа во Петерхоф.

Во советскиот изложбен парк ВДНХ беше инспириран од поредокот и „јасноста на целта“, како што ја нарече втората серија дела посветени на советското наследство во архитектурата.

И во овие класични советски градби неизбежна е алузијата на антиката, каде што човек дури и во урнатините може да се инспирира од „Поредокот“, како што Розанов ја нарече новата серија дела.

Обичниот минувач не може да ги согледа декоративните детали во типичен советски стил со кои е „опашана“ библиотеката на Ленин, но Розанов ни дава таква можност. Тие фигури на трудбеници и колхозници се особено надреални кога во нивната позадина се златните куполи на Кремљ.

Моќниот Кремљ им е добро познат на сите и без дополнителни објаснувања. Царските ѕидини и кулите се украсени со советските црвени петокраки.

Добро познатата силуета на кремљовските бедеми (патем, тие се изградени од италијански мајстори, така што слични контури може да се видат и во Милано).

Розанов му посвети на Кремљ голема серија фантастични дела.

А има и серија фотографии од свети места опишани во Евангелието. Ова е, на пример, патот за Голгота во Ерусалим.

А ова е Маслиновата гора.

Меѓу делата на Розанов има и геометриски апстракции.

Понекогаш е тешко да сфатите која земја, континент или планета е тоа.

Ледениот брег на Антарктикот е „архитектонски доследен“, но Розанов и нему му го дава називот „Космос“, бидејќи тоа е величествен и бескраен простор каде што ледените брегови се единствените господари.

Една од најновите серии на Михаил Розанов е посветена на челикот, стаклото и бетонот. Тој ги истражуваше овие материјали низ цела Европа, меѓу другото и во Берлин, што може да се види на фотографијата подолу.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња