Како изгледаше Русија 1982 година (ФОТО)

Sputnik
Раните 1980-ти беа време на стагнација или, како што ги нарекуваше Леонид Брежнев, реален социјализам. Меѓутоа, советскиот водач кој на чело на земјата помина речиси две децении почина таа година, а земјата тргна по патот познат како перестројка.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Советскиот водач, генералниот секретар на Комунистичката партија Леонид Брежнев, веќе беше тешко болен. На 76-годишна возраст беше физички слаб и често зборуваше неповрзано.

Леонид Брежнев на одмор во својата дача на Крим.

Фотографија која го симболизира периодот на стагнација.

Погребот на Леонид Брежнев кој почина на 10 ноември 1982 година. Тажниот настан беше грандиозно одбележан.

Буквите СССР на Проспектот „Калинин“ (денес Нов Арбат)

Една од најпопуларните пеачки, ѕвездата Едита Пјеха, чии родители беа Полјаци и чиј татко беше полски рудар.

Уште една советска суперѕвезда, актерот и пеач Михаил Бојарски, во Ленинград. Советскиот филм „Дартањан и тројцата мускетари“ во 1978 година направи од него национален идол.

Прослава на Први мај на Црвениот плоштад во Москва. На мавзолејот на Ленин беа Леонид Брежнев и другите партиски раководители, како и советски пионери.

Првомајски демонстрации во Челјабинск, индустриски град на Урал.

Џиновски портрет на Ленин по повод прославата на Денот на Победата во Ленинград.

Пливање во Ленинград.

Пионери дочекуваат ветерани од Втората светска војна.

Работнички.

Културна програма: Војници одат на кино во сибирскиот град Новокузнецк. Секој мал град имаше кино или театар, како што пропишуваше државата.

Советски граѓани во ленинградски Ермитаж.

Советските граѓани беа љубители на планинарењето, алпинизмот и кајакарењето.

Естетиката на телефонските говорници.

Прошетка по имотот Архангелское во Москва, поранешна благородничка резиденција, која во советско време стана воен санаториум.

Свадба во Горковската област (денес Новогородска област).

Член на геолошка експедиција во Република Коми во слободно време мие злато.

Децата на геологот на истата експедиција.

Влез во заеднички стан. Секоја соба имаше сопствено ѕвонче.

Пет минути пред испит.

Пивница.

Воената парада на Црвениот плоштад во Москва ја слави годишнината од Октомвриската револуција.

Морски ловци на полуостровот Чукотка.

Мото-трки.

На игралиште.

На фудбалски натпревар.

Пионери во летниот камп „Орљонок“ (Орле) на Црното море.

Деца скокаат од шведска скала на час по физичка култура.

Училишен час.

-26 Целзиусови степени во Москва.

Советските ученици зиме имаа часови по скијање... и за да не мораат да ги носат скиите, тие буквално скијаа до дома.

Пељмени, јадењето околу кое се собираше семејството.

Собирање стакло за рециклажа. Да, Советите беа еколошки свесна нација!

Правејќи украси за новгодишната елка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња