Во текот на 1920-тите и 1930-тите, повеќето од жителите на градовите и селата се облекуваа едноставно, па дури и по малку „простачки“. Сите носеа тенки капути, валенки и „бурки“ (долги наметки од чоја). Набрзо ватникот стана главниот зимски костум. Таа ватирана штепувана јакна лесно се правеше, не беше скапа и затоа со неа можеше да се реши проблемот со облеката на голем број луѓе.
„Пар“, 1960-1966; Советско-фински рат. Црвеноармеецот-комсомолец Јермоленко, 1939-1940.
Архива на Олга Евгењевна Шитова-Белова; Александар Устинов/Russia in photoЗа време на Втората светска војна ватникот се покажа како идеален зимски костум за широките народни маси. Тој беше подеднакво добар и на фронтот, и во студените фабрички хали, во експедициите, на нива и во поход. Целата земја носеше ватирана јакна - армијата, студентите, работниците, робијашите, градежниците, возачите и другите слоеви на населението. За да се обезбеди дополнителна заштита од продорниот студен ветер, штепуваните јакни беа стегани на половината со ремен или обичен коноп.
Комсомолци, работници на Московската фабрика за автомобили „Сталин“, 1953.
Јаков Рјумкин/МАММ / МДФ/Russia in photoПо војната, кога животниот стандард почна да расте, целата земја облече тешки капути.
Жена во зимски капут; Оперскиот пејач Сергеј Лемешев, 1950-тите.
Виктор Тјомин, Павел Манич/МАММ / МДФ/Russia in photoИмашливите луѓе во градовите нарачуваа да им се сошие капут, и да се „облагороди“ со крзнена јака и капа од истото крзно. Луѓето со обични примања го купуваа она што можеше да се најде во продавниците, а тоа беше стандардизираниот капут со јака од вештачко крзно.
Солистката на балетот на Државниот академски Болшој театар на СССР, Народната уметница на СССР Олга Васиљевна Лепешинска (во средина) со другарки, 1951.
Анатолиј Гаранин/SputnikВо 1950-тите станаа модерни бундите. Ретко кој можеше да си дозволи бунда од вистинско крзно. Тоа не важеше за бундите од крзно на астраханско јагне - тие беа вообичаени во екот на оваа градска мода во 1950-тите.
Колекција на облека од руско крзно 1965. Бунда од персијанер (крзно на астраханска овца) со крагна од нерц (визон). Модел Регина Збарскаја.
Александар Макаров/SputnikПонекогаш модата беше посилна од здравиот разум. Жените во текот на 1950-тите со бунда од астраханско крзно или капут на главата носеа капчиња кои едвај им го покриваа темето. Московјаните им дадоа прекар „менингитис капчиња“ бидејќи практично не го покриваа задниот дел од главата, па веројатноста за воспаление од менингитис беше прилично голема.
„Мамини помошнички“, во самопослуга, 1950-
Михаил Грачов/МАММ / МДФ/Russia in photoНо, тоа го носеа жени кои ја следеа модата. Повеќето мислеа дека волнената марама најдобро ја штити главата од студот. Тие марами многу „боцкаат“, но се вистински спасител во разни ситуации. Жените ги врзуваа наместо шапка, а ако мораа да стојат на студ, тогаш и околу половината. Во случај на настинка таква марама се носеше околу вратот или се ставаше на градите (со претходно триење на мелем).
СССР. Иркутска област. Братск. 11 декември 1960. Претседателот на Президумот на Врховниот Совет на СССР Леонид Илич Брежнев со градителите на Братската хидроцентрала.
Алексеј Стужин/TASSШапката -„ушанка“ е познат симбол на руската зима. Се менуваше во текот на неколку векови. Селаните зиме најпрвин носеле треух (ги покривал и главата и тилот). Потоа во советско време ушанката стана дел од униформата на Црвената армија, а во текот на 1960-тите со задоволство ја носеше шефот на државата Леонид Брежнев. Оттогаш комплетната партиска елита почнува да носи ушанки од крзно на елен и крзно на астраханско јагне.
Девојка, одгледувач на животни, 1968; Портрет на маж, 1965 - 1970.
Јуриј Садовников, Всеволод Тарасевич/МАММ / МДФ/Russia in photoЗа обичните советски граѓани постоеше поедноставна варијанта – ушанка од зајачко крзно.
Снежни навеви во градот, 1968; Недела во Подмосковје 1961.
Јуриј Садовников, Лав Бородулин/МАММ / МДФ/Russia in photoМажите во сите периоди носеа капут или краток капут со крзнени јаки. Особено беше ценета јаката од крзно на астраханско јагне, кратко потстрижен дабар или бизамски стаорец.
Жените како средство против замрзнување често користеа неколку слоја облека. Сé до 1970-тите пантолоните не беа дел од женската гардероба, освен како работничко одело, и тоа само во тешките физички работи.
Жителки на Норилск, 1966.
Всеволод Тарасевич/SputnikЗатоа под здолништето или фустанот носеа удобна долна облека со ногавици до колена (од памук или волна), а со нив и дебели чорапи, понекогаш и по 2-3 пара еден врз друг.
СССР, Ленинград, 10 декември 1968. Членови на делегацијата на Унијата на сириските жени.
Максим Блохин/TASSБеше потешко да се реши прашањето на обувките. Класичните валенки (топли чизми од валана овча волна) не беа многу погодни за секојдневниот градски живот, а добрите чизми беа скапи и се сметаа за знак на престиж. За такви чизми жените стоеја во долги редици пред продавниците или ги набавуваа преку врски. Особено беа ценети југословенските, романските, унгарските и финските чизми. Тие не беа правени за тешки мразови, но заради елеганција, жените беа подготвени да се жртвуваат и да го трпат студот.
Весело санкање, 1962.
Анатолиј Бочинин/МАММ / МДФ/Russia in photoЕдинствено советските деца беа секогаш топло облечени, бидејќи беше вообичаено да им се обезбеди на децата повеќеслоен костум: лесна долна облека, лесна блуза и над неа топол џемпер, хулахопки и преку нив волнени хулахопки без стапала и плетени чорапи. Потоа бунда или капут стегнат со појас на половината. На главата носеа лесна шапка или марама, а преку неа шапка од природно или вештачко крзно. На нозете често имаа валенки, поретко чизмички.
Од серијата „Русија на Шукшин“, 1967.
Виктор Ахломов/МАММ МДФ/Russia in photoНекогаш на децата преку бундичката или капутчето им се префрлаше веќе споменатата волнена марама.
Деца на санкање, 1970.
Ј. Левјант/SputnikВо толку гломазен костум децата не можеа да се движат лесно, но тоа беше идеално за долги прошетки или за санкање.
Дете од Калуга, 1973.
Игор Гневашев/МАММ / МДФ/Russia in photoИ, се разбира, децата носеа „варешки“ (ракавици со одвоен палец). Тие беа пришиени на долга еластична лента и провлечени низ ракавите на бундичката, така што беше тешко да ги загубите. Сепак, се случуваше и така прицврстени да останат некаде во снегот...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче