- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во јануари 1943 година Црвената армија ја проби опсадата на Ленинград која траеше од 1941 година, кога големиот град заврши без никакви резерви.
Противтенковски „ежови“ расфрлани по Ленинград во текот на опсадата.
Војник гледа во прекрасната река Нева во Ленинград.
Февруари 1943-та го означи успешниот крај на најважните страници на војната – Сталинградската битка.
Летото 1943 година беше познато по битката кај Курск, најголемата тенковска битка во историјата. Тоа беше една од важните пресвртници во Втората светска војна.
Бранители на московското небо на врвот на станбена зграда.
Војници го слушаат својот командант.
Болничарка на Црвената армија на Крим.
Но, дури и во најмрачните времиња, луѓето наоѓаа моменти на радост. Девојче храни мече со млеко во Московската зоолошка градина.
Жени-пилоти танцуваат меѓу две битки.
Тенкисти го слават Празникот на трудот кај Курск.
И секогаш имаше време за љубов и пријателство.
Можеше да се замисли дури и фудбалски натпревар, како на овој импровизиран терен во близина на поларниот град Мурманск.
Воени дописници и фотограф салутираат на линијата на фронтот.
Среќата на повторно собрано семејство.
Концерт врз урнатини.
Момент на одмор на војници на коњичка единица.
Ништо помалку важни од војниците кои се бореа на првата линија на фронтот не беа ни работниците во заднината. Две работнички во болничка кујна.
Работничка на фабрика за муниција во Чељабинск.
Ученички шијат униформи.
Војничка единица поправа оштетен мост.
Режисерот Григориј Александров и актерите Хосров Меликов и Љубов Орлова прават пауза меѓу сцените на снимањето на филмот „Семејство“.
Млад работник во Магнитогорската железарница „Сталин“ работи за потребите на линијата на фронтот.
Селски партизан одликуван со медал за храброст.
Враќање дома.
Пионери маршираат во Москва покрај споменикот „Работник и колхозничка“.
Момче се грижи за свињи.
Ученички прават агитациски штандови во училиште.
Детски игри.