Каква беше Русија 1913 година (ФОТО)

Public domain; MAMM/MDF
Да погледнеме апсолутно фасцинантни фотографии кои ја прикажуваат земјата која повеќе не постои - животот на царот, селаните, староверците и многу повеќе!

Во 1913 година се одбележаа 300 години од династијата Романови. Тој датум наголемо се одбележуваше низ целата земја. Санкт Петербург беше особено богато украсен.

Големи свечености, вклучително и верска процесија, се одржаа во центарот на Москва и на Црвениот плоштад.

По свечената прослава во Московскиот Кремљ.

Во март 1913 година, по петербуршката и московската прослава, царот свечено го посети градот Кострома, каде што беше пречекан со леб и сол. Се верува дека династијата Романови потекнува од Кострома.

Николај II со семејството ги посети одаите на болјарите Романови во Ипатиевскиот манастир во Кострома, каде што идниот прв цар од династијата Романови, младиот Михаил, живеел во текот на сматното време на почетокот на XVII век.

Граѓаните на Кострома беа исклучително возбудени од посетата на највисоко ниво и се собраа да го видат царот.

Романови имаа и турнеја во странство на својата јахта „Поларна ѕвезда“.

Но, поголемиот дел од времето царското семејство го поминуваше уживајќи во секојдневната рутина во нивната палата Царско Село надвор од Санкт Петербург.

Во 1913 година руска хидрографска експедиција во Арктичкиот Океан го направи последното значајно географско откритие на земјината топка. Групата на мразокршачот „Вајгач“ откри архипелаг којшто го нарекоа „Земјата на царот Николај II“ (сега наречен Северна земја).

Игор Сикорски го претстави и својот „Руски витез“, првиот авион со четири мотори, кој таа година успешно го изврши првото тестирање во воздух.

Во 1913 година, скандалозниот и легендарен балет „Посветувањето на пролетта“ од Игор Стравински беше премиерно изведен во Театарот на Елисејските полиња во Париз во рамките на „Руските годишни времиња“ на Сергеј Дјагилев. Авангардна претстава која прикажува паганско жртвување беше сензација.

По големиот триумф во Европа, „Ballets Russes“ на Сергеј Дјагилев тргна на турнеја во Латинска Америка, а голем успех доживеаја и во Буенос Аирес. Дјагилев не присуствуваше на турнејата, а легендарниот танчер и кореограф Вацлав Нижински е на сликата шести од лево.

Во исто време, во Санкт Петербург премиерно беше изведена авангардната футуристичка опера „Победа над сонцето“. Сцената и костимите ги дизајнираше Казимир Малевич и тука се појавија првите слики од неговиот познат „Црн квадрат“.

Во 1913 година во градот Карс (денес Турција, но дел од Руското царство 1878-1918 година) се одржаа воени вежби со употреба на балони и аеростати.

А сега, погледнете неколку случајни фотографии направени во 1913 година кои ви помагаат да стекнете вистинско чувство за атмосферата од тоа време.

Електрични трамваи и коњски запреги се движат по Невскиот проспект, главната улица на Санкт Петербург.

Исакиевскиот собор во Санкт Петербург и пред него коњичка статуа на императорот Николај I. Ова е редок пример за тоа како еден царски споменик ја преживеал претстојната револуција и советската ера. Препознаен е како инженерско ремек-дело, бидејќи комплицираната коњаничка статуа имаше само две точки на поддршка.

Поглед на црквата „Спас на крвта“ изградена на местото на атентатот врз Александар II и чамците на Екатеринскиот канал (кој десет години подоцна ќе биде преименуван во чест на писателот Александар Грибоедов).

Јавниот превоз од царско време: омнибус, едно од првите возила што повеќе не го влечат коњи.

Пазарен плоштад во провинциски град на бреговите на реката Волга.

Пратениците на Третата државна Дума го прегледуваат оклопниот крстосувач „Рјурик“.

Млади дувачи на стакло кои произведуваат украси за елка во Санкт Петербург.

Товарни и патнички бродови закотвени долж реката Волга.

Клуб на скијачи-аматери во прошетка. 

Селанка која работи на разбој во Гродненската област (денешна Белорусија).

Посетители во читалната на Царската народна библиотека.

Волшки рибари позираат во Костромската област.

Членови на школа за пливање тренираат во базен.

Одделение за велосипеди во продавница во Санкт Петербург.

Шаховски турнир.

Додека остатокот од Русија уживаше во техничкиот напредок, староверците сè уште го следеа нивниот традиционален начин на живот.

Познатиот уметник Иљја Репин работи пред своите гости.

Работници пакуваат разновидна роба.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња