25 ретки фотографии од царскиот Крим

Александар Живаго/Пушкински музеј на ликовни уметности
Живописниот полуостров има сé што може да се посака: планини, море, борови шуми и царски палати. Отсекогаш бил важно воено пристаниште, како и омилено летувалиште за царското семејство и руското благородништво. Погледнете како ова уникатно место изгледало пред Октомвриската револуција 1917.

1. Кримскиот брег, 90-ти години на XIX век

2. Николај II го сакаше Крим. Позира со сопругата Александра, околу 1910.

3. Инкерманскиот пештерски манастир во близина на Севастопол, 1910.

4. Николај II позира со ќерките, 1913.

5. Пејзаж кај населбата Симеиз, 90-ти години на XIX век

6. Кочија минува преку Форос, најјужниот и многу карпест дел на Крим, 1897.

7. Дама меѓу чемпреси, 1897.

8. Јалта, „кримската Ница”, 1897.

9. Бродови пристануваат во Јалта, 1897.

10. Продавачи на пазар во Јалта, 1913.

11. Брегот на Јалта, 90-ти години на XIX век

12. Лав Толстој позира со ќерката Александра на Крим, 1901.

13. Живописно катче на кримскиот брег, прва деценија на XX век

14. Семејство ужива во пикник на Крим, 1910.

15. Татко и син се качуваат на карпи во Алупка, 90-ти години на XIX век

16. Бахчисарајскиот дворец, 1897.

17. Принцезата Зинаида Јусупова (лево) ужива во чај во семејниот дворец на Јусупови во Кореиз, 1913.

18. Коњска запрега минува низ Бајдарската капија, планински превој до Црното море, 1897.

19. Мајка и син на летување на Крим, 1910.

20. Воронцовскиот дворец во Алупка, 1897.

21. Црквата „Св. Владимир“ во стариот град Херсонес, 90-тите години на XIX век

22. Писателот Антон Чехов имаше летниковец на Крим. Овде го гледаме како шета со кучиња во Јалта, 1903.

23. Масандровскиот царски дворец, втора деценија на XX век

24. Замокот Ластовичкино гнездо, прва деценија на XX век

25. Крим е исто така познат и по виното. На фотографијата гледаме дама која разгледува лозје, 1903.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња