Русија нема дипломатски односи со пет земји-членки на ООН. Тоа се земји признати од пошироката меѓународна заедница како суверени држави. Тие самите во одреден момент ги прекинаа дипломатските односи со Русија или воопшто ги немаа.
Тимбу, Бутан. Дворот на владината канцеларија.
Legion MediaБутан никогаш не воспоставил дипломатски односи со Русија. Тоа е мала будистичка земја на Хималаите која нема излез на море. Во неа живеат 700.000 жители, најмногу во населби од рурален тип. Тоа е популарна туристичка дестинација за граѓаните на Русија.
Русија, исто така, никогаш немала дипломатски односи со Соломонските Острови. Оваа островска држава во Океанија има шест големи и стотици помали острови.
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија на 2 септември 2008 година, кога Руската Федерација ги призна Јужна Осетија и Абхазија како суверени држави. Денес, Швајцарија ги претставува интересите на Русија во Грузија и интересите на Грузија во Русија.
Украина и Микронезија (федерација од четири островски држави во западниот дел на Тихиот Океан) ги прекинаа дипломатските односи со Русија во февруари 2022 година.
Од друга страна, Русија има дипломатски односи со низа држави кои не се членки на ООН. Некои од нив не се признати од пошироката меѓународна заедница како суверени држави.
СССР. Москва. 27 ноември 1974. Делегација на Палестинската ослободителна организација на чело со претседателот Јасер Арафат пред мавзолејот на Ленин.
Валентин Мастјуков/TASSРусија ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија во август 2008 година заедно со уште четири држави-членки на ООН.
Русија е една од членките на ООН кои ја признаваат Палестина како суверена држава. Билатералните односи меѓу двете земји беа воспоставени во 1974 година со посетата на палестинскиот политички лидер Јасер Арафат на Москва. Во 2021 година Руската Федерација ја поддржа резолуцијата на Генералното собрание на ОН за доделување статус на набљудувач на Палестина без членство во оваа организација.
Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква и град-држава во Рим, исто така не е членка на ОН, а Русија има дипломатски односи со него. Првата руска мисија во Ватикан е основана во 1817 година. Меѓутоа, откако болшевиците дојдоа на власт, Советскиот Сојуз немаше дипломатски односи со Ватикан сé до март 1990 година. СССР се распадна веќе наредната 1991 година, а Руската Федерација, како нејзин правен наследник, воспостави дипломатски односи со Ватикан дури во 2009 година.
За разлика од многу други земји, Русија не го евакуираше својот дипломатски персонал од Кабул кога во 2021 година талибанците ја презедоа власта во земјата. Движењето „Талибан“ во Русија од 2003 година е надвор од законот како терористичка организација, но Москва сепак одржува дипломатски односи со раководството на ова движење во Авганистан по повлекувањето на американските трупи од земјата и падот на владата на Ашраф Гани во 2021 година.
Зградата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација во Москва.
Евгениј Одиноков/SputnikВо моментов амбасадата на Русија во Кабул фунцкионира вообичаено. Во март 2022 година, Министерството за надворешни работи на Русија му издаде официјална акредитација на првиот авганистански дипломат назначен од талибанското раководство.
Во 2012 година, Русија отвори конзулат во Приднестровје, самопрогласена република која е меѓународно призната како дел од Молдавија. Русија официјално не го призна Приднестровје како независна држава, но одржува односи со Приднестровје во политичка, воена, културна и економска сфера.
Русија не одржува дипломатски односи со одредени земји кои не се признати или се делумно признати од меѓународната заедница. На пример, Русија не ги признава Косово, Тајван, Сомалиленд и Република Нагорно-Карабах (Арцах) како независни држави и нема дипломатски односи со нив, ниту со спорни ентитети како Азад Џаму и Кашмир, Северен Кипар, Западна Сахара и Амбазонија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче