Блискиот пријател на Александар Пушкин, кнезот Горчаков, целиот живот го има посветено на дипломатската служба. Многумина го имаат опишано како еден од највлијателните дипломати во руската историја.
Во 1822 година бил именуван за прв секретар на руската дипломатска мисија во Лондон. Неколку години подоцна Горчаков, кој течно зборувал три јазика, префрлен е во Рим, Берлин, Фиренца, а потоа во Виена како советник во руската амбасада. Неговата кариера стабилно напредувала сè до 1856 година, која е именуван за министер за надворешни работи од Александар Втори (кој во 1856 година го наследил Николај Први).
Тоа се случило по срамниот пораз на Русија во Кримската војна и понижувачкиот Париски мировен договор (според кој Русија повеќе не можела да распоредува никаков воен арсенал, ниту морнарица на Црното море). Така, Русија ја изгубила можноста да влијае на европската политика. Рускиот министер за надворешни работи иницирал мачен процес со цел симнување на ограничувањата од Парискиот мировен договор.
Најголемиот предизвик на Горчаков на нивата функција министер за надворешни работи бил преиспитување на фундаменталните принципи на меѓународните односи помеѓу Русија и остатокот од светот. Горчаков како слободен мислител од најголем калибар, го осмислил познатиот вонвременски став: „Русија ја обвинуваат дека се изолира и дека молчи пред фактите кои не се во согласност ниту со законот, ниту со правдата. Велат дека Русија се лути. Русија не се лути, таа собира сили“.
За време на Горчаков руската надворешна политика направила целосен пресврт од таканаречениот „благороден интернационализам“ кон идејата за заштита на националните интереси на земјата. Во 1866 година Горчаков е именуван за царски канцелар на Русија (неговиот претходник, грофот Неселрод, кој го потпиша Парискиот мировен договор, дури не ни зборувал руски).
Налик на шаховски мајстор, Горчаков секогаш морал да биде два чекори пред противникот. Во 1870 година, кога поразот на Французите во војната против Прусија станал неизбежен, Горчаков ги известил европските сили дека Русија ги отфрла ограничувањата што ѝ се наметнати на крајот на Кримската војна, по што земјата повторно се стекнала со правото да има флота на Црно море. Така Горчаков го оставил своето најважно наследство по две и пол децении на чело на министерството на надворешни работи како врвен руски дипломат.
Горчаков ги држел позициите министер за надворешни работи и канцелар сè до 1882 година. Се смета дека како влијателен политичар исто така одиграл пресудна улога во обликувањето на политичките убедувања на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче