Како советски трудбеник стана претседател на антикомунистички Тајван

Чанг Чинг Куо со години беше фанатично приврзан на комунистичката идеологија, но тоа не го спречи подоцна брутално да ги прогонува своите поранешни истомисленици.

Човекот кој на времето на многумина им беше познат како Николај Елизаров, обичен работник на уралска фабрика и член на Комунистичката партија, во 1978 година стана претседател на Тајван, остров на Република Кина (која не е призната од Руската Федерација). Како поддржувач на идеите за светска револуција од далечната Русија можеше да дојде државниот врв на антикомунистичка азиска земја?

Елизаров всушност не беше ниту Русин ниту комунист (барем во периодот од крајот на 1930-тите). Под тој псевдоним во Советскиот Сојуз едно време живееше Чанг Чинг Куо, постариот син на генералисимусот Чанг Кај Шек, доживотниот лидер на националната конзервативна партија Куоминтанг и делумно признатата островска држава Тајван,.

Во новата татковина

Чанг Чинг Куо и Чанг Кај Шек.

По падот на империјата на династијата Чинг во 1912 година, Кина западна во хаос. Во отсуство на силна централизирана власт, военополитичките клики ја поделија земјата, а партијата Куоминтанг стана една од највлијателните сили чија цел беше надминување на новонастанатата криза.

Чанг Кај Шек дојде на власт во 1925 година. Како и неговиот претходник Сун Јат Сен, во својата борба тој се потпираше на Советскиот Сојуз. Москва соработуваше со сè помоќниот Куоминтанг во нејзината желба да го прошири своето влијание во регионот. СССР ги поддржуваше националистите, така што дури и многу послабото комунистичко движење беше принудено да застане на нивна страна.

Чанг Кај Шек

Болшевиците со задоволство ги обучуваа на своја територија пријателски настроените Кинези, така што во 1925 година во Москва дојде и Чанг Чинг Куо, синот на Чанг Кај Шек. Шеснаесетгодишниот младич извесно време живееше кај постарата сестра на Ленин, Ана Елизаров-Улјанова, па подоцна реши да го земе псевдонимот „Николај Елизаров“ за да не се истакнува меѓу Русите.

Во главниот град Чанг се запиша на Комунистичкиот универзитет на работниците од Истокот, каде заедно со него студираше Денг Ксиаопинг, еден од идните лидери на комунистичка Кина. Стажираше во Казанското тенковско училиште и Военополитичката академија во Ленинград, а работеше и на струг во фабриката „Динамо“.

Чинг-Куо-Елизаров одлично го научи рускиот јазик и добро се снајде во новата средина, додека неговиот татко за тоа време ефикасно ја обединуваше земјата под знамето на Куоминтанг во таканаречениот Северен поход против воените клики и слабата влада во Пекинг.

Меѓутоа, сè се промени на 12 април 1927 година. Чанг Кај Шек не сакаше да ја дели власта со никого и одеднаш ги нападна своите сојузници. Следеа масовни апсења и егзекуции на членови на Комунистичката партија на Кина и таа беше принудена да се повлече во илегала. Москва мораше да одговори на тоа и во декември истата година беа прекинати дипломатските односи меѓу двете земји.

Уралски трудбеник

Уралмашзавод

Длабоко потресен, Чанг Чинг Куо се најде во тешка ситуација. Тој веднаш јавно се откажа од својот татко и ги осуди неговите постапки. Против синот на Чианг Кај Шек не беа преземени никакви репресивни мерки, така што извесно време тој работеше во колхоз во Московската област.

Па сепак, со текот на времето, Сталин и кинескиот лидер сé повеќе се оддалечуваа еден од друг, така што во 1932 година Елизаров беше испратен на Урал, во градот Свердловск (Екатеринбург), за да не ги иритира претставниците на кинеските комунисти во Коминтерната.

Во фабриката „Уралмаш“, Чанг Чинг Куо стана помошник-началник на механичкиот погон. На тоа работно место беше задолжен за социјални прашања и се занимаваше со решавање на секојдневните проблеми на работниците во фабриката. Подоцна стана уредник на локалниот весник „За тешка машинска индустрија“.

Фаина и Чанг Чинг Куо, 1935.

Таму во 1935 година се ожени со Фаина Вахрева, работничка во фабриката која набргу потоа му родиа две деца.

На 16 ноември 1936 година, Чинг Куо напиша молба еда биде примен во Сесојузната комунистичка партија (на болшевиците) СКП(б), а дотогаш беше кандидат за членство. Во молбата тој повторно изрази негативен став кон својот татко: „Татко ми Чанг Кај Шек е предавник, ја предаде големата кинеска револуција и сега ја предводи кинеската црна реакција. Од првиот момент на неговото предавство јас водев борба против него“. Многу подоцна, идниот тајвански лидер изјави дека тие изјави ги дал исклучиво под притисок.

Враќање дома

Чанг Чинг Куо слуша жалба на сопственик на продавница.

Понатамошниот живот на Чанг Чинг Ку во СССР е обвиткан со превезот на тајната. Познато е дека станал член на партијата и дека набргу потоа престанал да се придржува до комунистичките идеали и почнал да размислува за враќање во Кина. Некако и му успеа да го направи тоа. Во мај 1937 година ја напушти работата, замина за Москва, а оттаму со семејството ја напушти земјата со воз.

Чанг Чинг Куо со семејството во Гана.

Обичен работник во фабрика во Урал никогаш не би можел да направи такво нешто. Најубедливо звучи верзијата дека синот му бил вратен на таткото по наредба на Сталин. Опасноста од Јапонија се зголемуваше и на советскиот лидер му требаше нормализирање на односите со Куоминтанг.

1940. Чанг Чинг Куо на должност во Гана, 1939-1945.

Чанг Кај Шек веднаш му прости на својот син и го воведе во кругот на луѓе во кои имаше доверба. Топло беше примена и Фаина Вахрева. Таа го доби кинеското име Фанг Ланг, што значи „примерна и чесна сопруга“.

Чанг Чинг Куо (27 април 1910-13 јануари 1988) политичар и водач на Куоминтанг, син на Чанг Кај Шек.

Комунистот Николај Елизаров остана засекогаш во минатото, додека Чанг Чинг Куо стана еден од најважните функционери на Република Кина. Токму тој отиде во Советскиот Сојуз во 1946 година за да разговара со Сталин за развојот на билатералните односи.

Во Гана

Кога Народноослободителната армија на Кина ги порази владините трупи, приврзаниците на Чанг Кај Шек 1949 година беа евакуирани во Тајван, а Чинг Куо стана шеф на тајната полиција на островот и тргна во потрага по внатрешните непријатели, што се претвори во цел бран брутални репресии.

Чанг Чинг Куо со кадети во Тајчунг, 1976година, Тајван.

Набргу по смртта на неговиот татко, Чанг Чинг Куо дојде на чело на Република Кина (Тајван) и направи многу за Тајван да доживее економски бум и да стане голем „азиски тигар“. Претседателот лично водеше скромен живот, што го наследи уште од СССР, и голем дел од своите приходи даваше во добротворни цели.

Портрет на Чанг Чинг Куо, претседател на Република Кина (Тајван) од 1978 до 1988.

И првата дама живееше скромно. По смртта на нејзиниот сопруг во 1988 година таа одби да прима пензија како сопруга на претседател на државата, задоволувајќи се со многу помала пензија на сопруга на функционер. Откако ги надживеа речиси сите свои деца, Фаина Вахрева остатокот од животот го помина во дом за стари лица. Поранешната работничка во уралска фабрика беше погребана во Тајпеј во 2004 година со сите почести во присуство на државниот врв.

Со семејството, 1950,Тајван.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња