- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Некои набљудувачи беа збунети од фактот дека на погребот на кралицата Елизабета II се пееше православна молитва, што не е обележје на традиционалниот англикански погреб. Меѓутоа, ништо необично не се случи, бидејќи молитвата, како што велат, била испеана по желба на самата кралица.
„Кондак на рускиот канон за упокоените, киевско пеење“
На погребот на кралицата Елизабета II хорот пееше молитва позната како „Кондак на рускиот канон за упокоените“ во верзија на „киевско повеќегласно пеење“ што беше воведена во Руската православна црква по реформите на патријархот Никон. Оваа древна молитва има свои корени во руската православна литургиска практика.
Текстот на молитвата е следниов:
Со светите упокој ја, Христе, душата на слугата Твој,
каде што нема болест, ни жалост, ни воздишки,
но каде што е животот бесконечен.
Ти си, Господе, единствен бесмртен; си го створил и создал човекот.
А ние сме земни, од земја создадени,
и во истата земја ќе отидеме,
како што Ти, Создателу наш,
ми заповеда и ми рече:
„Земја си, и во земја ќе отидеш“,
Каде што сите ние луѓе заминуваме
творејќи надгробно плачење и песна:
Алилуја, алилуја, алилуја.
Во Руската православна црква оваа молитва се пее на опело и парастос.
Иако се пее по тажен повод, молитвата ја изразува христијанската вера во вечниот живот. Верниците го молат Бога да ја упокои душата која го напуштила телото на истото место каде што престојуваат душите на светците.
Конкретна причина
Jonathan Brady / AFP
Бакингемската палата не даде никаков официјален коментар ниту објаснување за причините поради кои православна молитва е вклучена меѓу другите традиционални англикански молитви. Истиот кондак на канонот за упокоените беше испеан и на погребот на сопругот на кралицата, војводата од Единбург, во 2021 година.
Според медиумите, Елизабета II сакала да вклучи православна молитва на нејзиниот погреб за да му оддаде последна почит на својот сопруг принцот Филип и неговите руски корени.
Доживотна приврзаност на принцот Филип на православната вера
PA Images / Getty Images
Руските корени на принцот Филип се добро познати. Предците на војводата од Единбург и по татко и по мајка се поврзани со руското царско семејство.
Филип првично беше член на Грчката православна црква, а за да се ожени со британската принцеза мораше да премине во англиканство.
Се зборува дека принцот Филип подоцна во својот живот лично се обидувал да ги истражи своите корени посетувајќи ја Света Гора, важен центар на источното православно монаштво. Едно време беше забележано дека тој се крсти според православниот обред, од десно кон лево.