Кралицата Елизабета II и Русија: Во спомен на Нејзиното Височество (ФОТО)

Legion Media
Британската кралица почина на 8 септември на 96-годишна возраст. Russia Beyond се потсетува на нејзините посети на Русија и средбите со Русите.

Елизабета II беше на некој начин во роднински врски со Русија. Имено, кралицата беше внука по второ колено на последниот руски цар Николај II. Тој беше братучед од тетка на дедото на Елизабета, кралот Џорџ V. А двајцата беа неверојатно слични.

За време на Втората светска војна, Велика Британија и нејзините арктички конвои се бореа заедно со Советскиот Сојуз против нацистите.

Во 1961 година, по летот на Јуриј Гагарин во вселената, Елизабета Втора го угости во Лондон. Во 2021 година таа за оваа средба рече дека Гагарин бил многу шармантен, иако воопшто не зборувал англиски.

Вака Гагарин се сеќаваше на средбата: „Појадував со кралицата во Бакингемската палата. Што ќе кажете за тоа! Кралицата беше многу љубезна и пријатна. Разговаравме за времето, вселената и за моите впечатоци. Со принцот Филип зборував за авијацијата и новите автомобили... На кралицата ѝ подарив книга. Таа беше многу добро расположена. За возврат, таа ми подари семејна фотографија“.

За жал, не за зачувани фотографии од оваа средба. Меѓутоа, постои фотографија од Гагарин како влегува во Лондонската кула.

Во 1967 година, среде Студената војна, кралицата ги угости советскиот министер за надворешни работи Алексеј Косигин и неговата сопруга во Лондон.

А во 1970 година, режисерот-добитник на Оскар Сергеј Бондарчук имаше можност да присуствува на приемот на Нејзиното Височество во Лондон.

Советската влада и делегација на Комунистичката партија отидоа во официјална посета на Велика Британија во 1989 година, каде што беа срдечно пречекани од кралицата Елизабета II. Овде можете да видите нејзина фотографија со генералниот секретар на ЦК КПСС Михаил Горбачов (во средината), кој исто така неодамна почина.

Во 1991 година тие се сретнаа повторно на самитот на Г7 во Лондон.

Единствената посета на Елизабета на Русија се случи во 1994 година. На аеродромот ја пречека почесна гарда.

Кралицата имаше состанок со првиот руски претседател Борис Елцин.

Кралицата направи обиколка на московскиот Кремљ.

И ги посети црквите во Кремљ.

Го запозна тогашниот патријарх на Руската православна црква Алексеј II.

Кралицата положи и венец на Гробот на незнајниот јунак до ѕидините на Кремљ, посветен на жртвите во Втората светска војна во која Велика Британија и Русија заедно се бореа против нацистите.

Елизабета исто така го посети Санкт Петербург. Овде ја гледате пред народот кој ја пречекува во Петропавловската тврдина.  

Ја посети и католичката црква во Санкт Петербург и се сретна со децата без родителска грижа.

Во 2003 година кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип го пречекаа рускиот претседател Владимир Путин во Лондон.

Во Бакингемската палата беше одржан прием во чест на рускиот претседател Владимир Путин по повод неговата официјална посета на Велика Британија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња