За време на советската војна во Авганистан често се зборуваше за тоа дека руските војници со часови ја варат својата муниција во котел на отворен оган. Приказната за оваа честа практика денес многу луѓе ја сметаат за несфатлива, но оваа чудна навика на искусните воини се засноваше на одредена логика.
Руска воена полиција на пауза за време на патрола, 12 мај 1988, Кабул, Авганистан.
Legion MediaСоветското воено присуство во Авганистан некои го доживуваа како трагедија, додека други го гледаа како можност да започнат некаков бизнис. Советската власт трошеше огромни суми пари за одржување и снабдување на своите трупи во Авганистан, па поединци тежнееја да се стекнат со одреден профит преку проневера и незаконско присвојување.
„Во градот цветаше трговијата на црно. Војниците [на пазарите] продаваа сè што можеше да се продаде, од воена муниција и намирници до ќебиња и чаршафи“, напиша воениот историчар Михаил Жироков во книга за советското присуство во Авганистан.
Некои корумпирани офицери кои го контролираа протокот на советска стока во Авганистан фрлаа око на сè што имаше некаква вредност.
Советски војници во Кабул.
Robert Nickelsberg/Getty Images„Во 1986 година. [...] стратешките резерви на намирници за армијата [...] беа испратени во Авганистан. Само делумно стигнуваа до армијата. Поголемиот дел од нив се најде на авганистанските пазари. Месни кознерви [...], полска и унгарска шунка, грашок, сончогледово масло, маст, кондензирано млеко, чај и цигари - сè што не стигнуваше до гладните советски војници се продаваше на авганистанските трговци“, пишува Жироков.
Додека бескрупулозните офицери заработуваа пари на валкан начин, обичните војници во состав на советските вооружени сили во Авганистан секојдневно ги ризикуваа своите животи, а во исто време страдаа од недостиг на храна и често остануваа гладни
Препуштени сами на себе, војниците мораа да преземат нешто за да врзат крај со крај. Им требаа пари за да купат храна, облека и друга стока од локалните авганистански трговци.
Офанзива на муџахедините во близина на Џалалабад, Авганистан.
Patrick Durand/Sygma via Getty ImagesЕдинственото нешто што можеа да го понудат војниците беше нивната муниција - само неа ја имаа и повеќе од доволно. Покрај тоа, практично е невозможно да се следат куршумите за време на војна. Никој не можеше да каже дали исчезнатата муниција била употребена во борба или била незаконски присвоена. Трговијата со муниција изгледаше како единствен излез за војниците на кои неправедно им беше одземено она што им припаѓа.
Меѓутоа, сите знаеја каде ќе заврши продадената муниција. Никој не се сомневаше дека авганистанските трговци потоа ќе ја продадат истата таа советска муниција на муџахедините кои се бореа против тогашните авганистански власти и против советскиот контингент.
Секој продаден куршум можеше да убие советски војник или дури и оној што првично го продал. Поради тоа советските војници мораа да бидат сигурни дека муницијата е оштетена и не може да се поправи пред да биде продадена.
Советско-авганистанската војна
Patrick Robert/Sygma via Getty ImagesВо тоа време во советската армија кружеа приказни дека муницијата по неколку часа вриење во зовриена вода не е повеќе за употреба. Војниците мислеа дека на тој начин муницијата се оштетува и не може да се испукува од непријателско оружје или пак се испукуваат многу слаби куршуми.
Рецептот беше едноставен и примитивен: запалете оган, загрејте вода да зоврие во кој било метален сад што го имате при рака, ставете ја муницијата во водата и „варете“ 4-5 часа. Војниците сметаа дека не може да дојде до случајна детонација во водата и дека неколкучасовната висока температура ја оштетува муницијата без никакви промени во нејзиниот надворешен изглед.
Меѓутоа, тука има проблем. Советската армија во Авганистан имаше првенствено два автомата „Калашников“: АМК со куршуми 7,62 мм и АК-74 со калибар 5,45.
Со оглед на материјалите од кои се правеше оваа муниција, варењето најверојатно немаше никакво влијание врз неа.
Советско-авганистанската војна
Patrick Robert/Sygma via Getty ImagesВо XIX и почетокот на XX век, како иницијален експлозив за палење на барутот во каписли се користел жива фулминат. Кога таков куршум се загрева на температура од околу 100 степени Целзиусови, започнува термичко разложување на хемиската супстанција. Со други зборови, стар куршум во кој е користен живин фулминат навистина нема да биде за употреба по неколку часа вриење.
Меѓутоа, уште на почетокот на ХХ век, беа воведени нови и посовршени соединенија како замена за токсичниот и не толку стабилен жива фулминат. Тие нови соединенија се исклучително отпорни на топлина. Современиот куршум функционира одлично дури и ако се чува во врела вода неколку часа.
Според тоа, муницијата произведена во СССР за време на Авганистанската војна најверојатно беше отпорна на загревање, така што сите напори на советските војници да ја оштетат со варење пред да ја продадат беа залудни.
Од друга страна, советските војници правеа сé што можеа за да преживеат. Приказната за варењето муниција е многу распространета во војската, па може да се претпостави дека советските војници навистина ја вареле својата муниција пред да ја продадат на Авганистанците.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче