Кое оружје го користела советската армија во Авганистан?

Владимир Вјаткин/Sputnik
Советската техника си имала големи маки поради тешките климатски услови и поради герилската тактика на муџахедините.

АК-74

Советски единици во Кабул неколку недели пред нивното официјално заминување од Авганистан. Повлекувањето на единиците започна на 15 мај 1988 година

Автоматот со калибар од 5,45 милиметри е сигурен, и нема големи барања. Поради тоа беше најчесто користено оружје во единиците на Ограничениот контингент на советските единици во Авганистан. Од претходниот модел со калибар од 7,62 милиметри АКМ (Автомат Калашников Модернизиран) се разликуваше по тоа што беше полесен и имаше поголем ефективен дострел.

ЗУ-23

Во Авганистан немаше воздушни цели кои би можел да го соборува напредното зенитно оружје со калибар од 23 милиметри (ЗУ-23), но затоа тоа имаше многу работа на земја. Ова оружје можеше да отвора оган со голем агол на искосување на цевката и нагло дa го менува целиот сектор, така што добро ѝ послужи на војската во заштита на стационарните објекти и во покривањето колони техника од напади од страна на муџахедините. ЗУ-23 беше поставуван за повисоки предели, а исто така и на каросериите на товарни возила.

БМП-2

Советска воена патрола во Кабул.

Борбеното возило на пешадијата БМП-2 опремено со топ 2А42 со калибар од 30 милиметри беше ефикасно против непријателските положби на високи коти. Неговата најголема мана беше слабата заштитеност – сите во него можеа да загинат од нагазна мина или од директен погодок од рачен противтенковски фрлач на гранати. Поради тоа војниците главно се возеа на него однадвор, на оклопот. „Може дa се каже дека нам, екипажите на БМП, ни беше најтешко на големите авганистански жештини. Сонцето толку многу го загреваше оклопот на возилото што не можеше да се допре со рака. И така седиме под оклопот како во печка и си размислуваме за нашата руска зима. Секој од нас со задоволство би излегол и би се истрил со снег“, се сеќава возачот В. Танцев.

Ми-8

На планинските терени без патишта хеликоптерите имаа непроценлива вредност. Ми-8 се користеше пред сè за транспорт на војници и на товар, а исто така и за десантирање, но можеше да се применува и во борбени дејствија. За таа цел во отворот на влезот во хеликоптерот често се поставуваа автоматски фрлачи на гранати АГС-17 „Пламен“ со калибар од 30 милиметри со потпора.

Снајперска пушка Драгунов

Нишанот на полуавтоматската снајперска пушка Драгунов со калибар од 7.62 милиметри е предвиден за ефикасно гаѓање на растојание од 600 метри. Меѓутоа, во текот на војната во Авганистан во 1985 година снајперистот од 345 гардиски падобранско-десантен полк Владимир Илин го „скина“ непријателот на оддалеченост од 1.350 метри.

Хаубица 2С3 „Акација“

Мошне ефикасните самоодни хаубици со калибар од 152 милиметри беа користени за пробој на одбраната на муџахединските утврдувања. „Експлозиите на шрапнелно-фугасните проектили на ѕидините правеа отвори низ кои без проблем поминуваа тенковите и борбените возила на пешадијата, уништуваа секаков непријателски вооружен отпор и обезбедуваа успешно извршување на задачата...“, вака ветеранот на Авганистанската војна Анатолиј Григорјев ја опишува офанзивата на утврден реон во провинцијата Баглан во април 1987 година.

Т-62

Еден дел од единиците на Ограничениот контингент советски единици во планините на Авганистан.

Т-62 и Т-55 беа основните тенкови на Ограничениот контингент на советските единици во Авганистан. Имаа мало вертикално искосување на топот и силен митралез, така што не беше лесно да се гаѓаат непријателски положби на високи коти, а големата прав често беше погубна за работата на моторот, за трансмисијата и за погонските делови. „Тенковите... во најголемиот број случаи 'не пронаоѓаа' оперативен простор за своја примена, не можеа да ги гаѓаат врвовите на височините, се заглавуваа во шумски терени со густа вегетација, и во борбата беа често бескорисни“, раскажува генерал-мајор Александар Љаховски.

Митралез со крупен калибар НСВ-12,7 „Утјос“

Митралезот со калибар од 12,7 милиметри имаше оптички нишан и голема брзина на огнот – испукуваше 800 куршуми во минута. Одлично се покажа во одбраната на контролните пунктови. Од „Утјос“ можеше прецизно да се гаѓа на оддалеченост од неколку километри, така што муџахедините не можеа да пријдат на растојание од кое би можеле ефикасно да отвораат оган од автомат.

2С4 „Тулипан“

Кога советските војници имаа задача да го „дофатат“ непријателот кој е добро скриен во планините, секогаш во таа намера им беше од корист самоодниот минофрлач 2С4 „Тулипан“ со калибар од 240 милиметри. Тој ефикасно ги погодуваше утврдените положби на муџахедините на растојание од 20 километри, дури и на другата страна на планинскиот врв и во кањоните.

БТР-70

По победата во судирот со муџахедините единиците на рускиот Спецназ запленија 15 преносни противвоздушни ракетни системи „Стингер“ произведени во САД. Џалалабад, 1989. Авганистан.

Оклопните транспортери имаа многу проблеми со моторите во планините на Авганистан, каде воздухот е разреден, така што често се прегреваа и ја губеа силата. Од друга страна, БРТ-70 поднесуваше нагазни мини многу подобро од тенковите и од борбените возила на пешадијата. Дури и ако му беа оштетени неколку тркала, тој не стануваше лесен плен, ами продолжуваше да се движи.

Ми-24

Советски војници го напуштаат Кабул, Авганистан, 06 февруари 1989 година.

Офанзивниот хеликоптер Ми-24, неофицијално познат како „Крокодил“ можеше да носи како стрелечко-топовско вооружување, така и ракети и бомби. Високите планини, правта и жештините погубно делуваа и на хеликоптерите, како и на другата советска техника. Но, сепак, „Крокодилите“ ефикасно ги уништуваа одредите на муџахедините и нивните утврдени положби, влевајќи му на непријателот страв во коските. Така, во 1983 година Анатолиј Волков во провинцијата Тахар со својот Ми-24, кој остана без муниција, го покриваше повлекувањето на десантните чети, во секој налет имитирајќи напад на непријателската жива сила и само со својот изглед ги принудуваше секогаш да се разбегаат на сите страни.

Реактивен пешадиски фрлач на пламен РПО-А „Шмељ“

Рачен фрлач на пламен „Шмељ“ во Авганистан, 1986 година

Рачниот фрлач на пламен „Шмељ“, кого муџахедините го нарекуваа „шејтанска цевка“, според својата моќ беше еднаков на хаубица со калибар од 152 милиметри, но беше тежок само 11 килограми, така што пешадинец можеше да го носи на грб. Гранатата имаше дострел од 1.700 метри (со тоа што ефикасниот дострел беше 800 метри) и уништуваше сè живо во радиус од 80 квадратни метри во затворен простор и во радиус од 5 метри на отворено. „Шмељ“ беше ефикасно средство за борба против непријателот кој се крие на тесни места.

Су-17

Ловецот-бомбардер Су-17 е единствениот советски борбен авион кој се применуваше во Авганистанската војна од почетокот до крајот, и тоа како за напад врз непријателот, така и за набљудувачки мисии. Екстремните климатски услови често предизвикуваа прегревање и откажување на опремата, како и влошување на карактеристиките за полетување и за слетување, а исто така и поголема потрошувачка на гориво. Преку ден беше невозможно да се седи во кабината, така што борбените летови беа поместувани за вечерните или за раните утрински часови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња