Првата светска војна беше тешка за Руската империја и е една од причините за нејзиниот пад и револуцијата што следеше. Земјата се соочи со огромни загуби и семејството Романови активно ги помагаше потребите на фронтот, додека царицата и принцезите се приклучија на Црвениот крст и негуваа ранети војници.
На земјата ѝ недостасуваа медицинска нега и болници, па Николај II нареди официјалната царска резиденција - Зимскиот дворец, да се претвори во болница (тој и неговото семејство живееја во Царско Село надвор од градот од 1904 година). Болницата го доби името по наследникот на рускиот трон Алексеј Николаевич, и беше отворена од 1915 година до Октомвриската револуција во 1917 година, кога беше затворена од болшевиците откако ги префрлија пациентите во други клиники.
Околу шест свечени сали беа користени како болнички одделенија, а посебни места беа одредени за постоперативно лекување и преврска. Зимската градина беше користена за бањи и тушеви. Воената галерија на Зимскиот дворец, во која беа изложени портрети на учесници во војната 1812-1814 година, служеше како складиште за постелнина и рендген-соба.
Хируршката амбуланта се состоеше од 1000 кревети, а болничкиот персонал броеше повеќе од 200 луѓе, вклучувајќи го главниот лекар, 34 лекари, 50 медицински сестри, 120 болничари, 26 членови на домашниот персонал и десет службеници.
Болничкиот персонал во салата „Св. Николај“
Салата „Св. Николај“ претворена во болничко одделение
Ранети лежат во фелдмаршаловата сала
Царицата Александра Фјодоровна и великите кнегињи Олга и Татјана го завршија комплетниот курс за медицински сестри и работеа за Црвениот крст
Ранети со милосрдни сестри
Сестри местат кревети во Хералдичката сала
Милосрдните сестри фотографирани на таканаречените Јордански скалила
Докторите и медицинските сестри
Источната галерија на дворецот
Милосрдни сестри
Собата за преврска во фелдмаршаловата сала
Доктор И. А. Тихомиров му става гипс на пациент
Медицински сестри подготвуваат завои
Доктор Тихомиров игра шах со ранет војник
Ранети сместени во Хералдичката сала
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче