Ann Ronan Pictures/Print Collector/Getty Images
Интервенцијата од широки размери на државите од Антантата во Русија никако не била мотивирана од идеолошка омраза и од доаѓањето на болшевиците на власт. Лондон и Париз многу повеќе биле загрижени од намерата на владата на Ленин да излезе од војната против Германија. Не е за изненадување што сојузниците во Граѓанската војна која се распламтила на урнатините на Руската Империја се потпирале на контрареволуционерното Бело движење чии лидери се колнеле дека ќе ја вратат руската војска на бојното поле и дека ќе војуваат против Германија сè до дефинитивна победа.
Adachi/Library of Congress/Corbis/VCG via Getty Images
Непосредно по склопувањето на Брестскиот мировен договор помеѓу Советска Русија и Германија на трети март 1918 година сојузничкиот воен контингент започнаа да излегуваат на руските пристаништа на северот, на југот и на истокот од земјата. Тие, меѓутоа, не брзаа со ризични потези во туѓ судир, држејќи се настрана од борбените судири и настојувајќи без многу напор и користејќи ги другите да ги остварат своите цели. Во тој контекст се издвојуваше Јапонија, на која тешката ситуација во Русија ѝ отвораше големи можности.
Corbis / Getty Images
Јапонија на учеството во интервенцијата на рускиот Далечен исток ја поттикна Вашингтон. На почетокот мислењето во јапонското општество во врска со тоа дали треба да се вплеткува во сето тоа беа поделени. Меѓутоа, со текот на времето размерите на мешањето во руските работи на „земјата на изгрејсонцето“ растеа со геометриска прогресија, а Соединетите Американски Држави се прашуваа како да ги ограничат сè поголемите апетити на својот сојузник. „Со оглед на позицијата и на интересите во источна Азија, Јапонија треба да ја има главната улога во воспоставувањето ред во источен Сибир“, им рече јапонскиот министер за надворешни работи Гото Симпеј на Американците во јули 1918 година.
Culture Club / Getty Images
Првите јапонски војници излегле на пристаништето во Владивосток на петти април 1918 година. Станува збор за две чети морнаричка пешадија од ескадрата на вицеадмиралот Хирохару Като. Повод беше убиството што во градот еден ден претходно го извршија двајца непознати Јапонци. Без да наидат на отпор брзо го зазедоа пристаништето и центарот на Владивосток. „Започна одамна подготвуваниот империјалистички напад од исток“, реагираше истиот ден советската влада. „Империјалистичката Јапонија сака да ја задуши Советската револуција, да ја отсече Русија од Тихиот океан, да ги освои богатите предели на Сибир, да ги потчини сибирските работници и селани“.
Universal History Archive/Universal Images Group via Getty Images
Јапонците од светската војна добија неочекуван подарок, недопрената ризница Сибир. „Јапонците треба да ја освојат сибирската ризница... Припојувањето на Јапонија, не во смисла на интервенција, ами во економска смисла, зависи од умешноста на Јапонците“, пишуваше уредникот на „Народни новини“ И. Рокуро. Во Токио се расправаше за тоа како да се изведе проширувањето на рускиот Далечен Исток. Како една од најприфатливите варијанти на акцијата видено е потиснување на „екстремистите“, како што тогаш ги нарекуваа болшевиците, од регионот, поддршката на локалните „умерени“ политички сили и помош во воспоставување тампон на руската држава под закрила на Јапонија, „независен Сибир“, како што се изразува дипломатот Итиро Мотон. Притоа требаше да се работи внимателно, без отворена агресија, гледајќи ја реакцијата на западните сили и не дозволувајќи развој на општонародно ослободително движење.
Fine Art Images/Heritage Images/Getty Images
Во октомври 1918 година јапонските единици на рускиот Далечен Исток броеја повеќе од 72 илјади лица (за споредба, американскиот експедициски корпус „Сибир“ имаше над 9 илјади лица). Под нивна контрола лесно се најде дел на Транссибирската магистрала, големите територии на Приморје и на Приамурје, јапонските гарнизони се наоѓаа дури и источно од Бајкалското Езеро. Во Јапонија во големи количества се извезуваа природни ресурси, вклучувајќи дрво, јаглен и голем улов риба од семејството пастрмка и харинга.
Buyenlarge / Getty Images
Јапонското раководство се потпираше на своеглавите козачки атамани како што беа Григориј Семјонов и Иван Калмиков. Овие активисти на Белото движење добиваа финансии, оружје, како и кога ќе биде потребно, непосредна помош на јапонските единици. Со признаениот водач на белите, „врховниот владетел на Русија“ адмиралот Александар Колчак Јапонците имаа компликуван однос. Во Токио него го сметаа за „човек на Вашингтон“ кој може да им наштети на интересите на „земјата на изгрејсонцето“. „Јапонија не е заинтересирана за брза обнова на единствена и силна Русија. Како и Кина, тој и тука ќе тежи кон поддршка на Граѓанската војна до целосно исцрпување на Русија, со цел да се создаде погодно тло за експлоатација на ослабената земја“, му напиша во февруари 1919 година шефот Колчак на владата на Пјотр Волгодски.
Pictures From History/Universal Images Group via Getty Images
Јапонците, за разлика од другите интервенти, активно учествуваа во борбите против локалните црвени партизани. И додека со Американците беше склопен некаков премолчен пакт за ненапаѓање, против јапонската војска се водеа жестоки и крвави борби кои однесоа десетици и стотици животи од двете страни. За време на интервенцијата, според различни извори, загинале до три илјади војници и офицери на Императорската армија.
Corbis / Getty Images
Непослушноста од страна на населението се казнувала сурово. Биле палени цели села и се вршени стрелања за пример. Еден американски офицер бил сведок на казнена акција на Јапонците пред железничката станица Свијагино во јули 1919 година: „Петмина Руси беа доведени пред гробови ископани во околината на железничката станица, очите им беа брзани, им беше наредено да клекнат на колена, со врзани раце зад половината, на работ на гробовите. Двајца јапонски офицери се слекоа и ги извлекоа сабјите со кои ги удираа жртвите по вратот одзади. И како што жртвите паѓаа во гроб, така секоја од три до пет јапонски војници ја удираа со бајонет, врескајќи од радост. Две жртви беа веднаш обезглавени со удар од сабја, додека останатите, според земјата која беше фрлена врз нив, а која се мрдаше, останаа живи“.
Universal History Archive/Universal Images Group via Getty Images
Покрај тоа, благодарение на Јапонците беа спасени животите на повеќе од 900 сираци од семејствата на Полјаците прогонети на Сибир уште од времето на царот. Децата чии родители загинале во пеколот на Граѓанската војна, беа носени во Јапонија, а потоа се префрлаа во историската татковина. Јапонците му даваа помош и на американскиот Црвен крст во евакуацијата од зоните на борбените дејствија на речиси 800 руски деца кои на истокот од земјата стасаа од Петроград во 1918 година. Тука тие закрепнуваа по гладувањето во текот на зимата, со оглед на тоа што поради војната која изби ненадејно беа одвоени од своите домови. Дури по три години, откако го обиколија целиот свет, се вратија кај своите родители.
Buyenlarge / Getty Images
И додека со завршувањето на Првата светска војна во ноември 1918 година сериозно се поставуваше прашањето за оправданоста на присуството на воените контингенти интервенти на територијата на Русија, поразот на белите војски на Колчак и на Деникин летото и есента 1919 година го направи нивното постоење целосно бесмислено. Вашингтон, Лондон и Париз полека почнаа да ги повлекуваат своите единици, додека Токио, пак, започна со зајакнување на военото присуство во регионот. Бројот на војниците на Императорската армија на територијата на Русија на почетокот од 1920 година надмина илјада лица.
Universal History Archive/Universal Images Group via Getty Images
По поразот на Белото движење на истокот од Русија, Црвената армија влезе во директен судир со јапонските единици. Меѓутоа, со оглед на тоа што советската влада во тој момент не беше подготвена за отворена војна со „земјата на изгрејсонцето“, Ленин во февруари 1920 година излезе со идеја за создавање демократски тампон-држави на истокот од земјата. За Јапонците измачени од антигерилската борба и желни за одмор, проектот излезе како целосно прифатлив. Освен тоа Токио се надеваше дека Далекоисточната република основана на 6 април ќе стане негов протекторат.
Getty Images
Но на тие надежи не им било судено да се остварат. Далекоисточната република во целост била контролирана од Москва, а Народната револуционерна војска успешно ги задавала завршните удари на белогардејските сили на Далечниот Исток. Истовремено марионетските влади создадени на руско тло под контрола на Јапонија се покажале како неспособни. Покрај сето тоа Токио се најде под голем дипломатски притисок од страна на Соединетите Американски Држави кои не сакаа да го зајакнат својот геополитички ривал на Пацификот.
Universal History Archive/Universal Images Group via Getty Images
На крајот „земјата на изгрејсонцето“ почна да се повлекува. Последните јапонски војници го напуштија Владивосток на 25 октомври 1922 година, а веќе во ноември Далекоисточната република влезе во состав на Советска Русија. Само северниот Сахалин остана во рацете на Јапонците, за по долги и тешки преговори со Советскиот Сојуз во 1925 година да мораат да го вратат.