Со години овие два ловци од четвртата генерација беа темелот на Военото воздухопловство на Русија. Лесниот тактички МиГ-29 (Fulcrum) е предвиден за воспоставување доминација во воздухот непосредно над подрачјето на борбените дејствија, додека тешкиот суперсоничен Су-27 (Flanker-B) може да пресретнува непријателска авијација во голем радиус.
Советски авион Миг-29 на конструкторското биро „Микојан и Гуревич“.
Public domainОвие борбени авиони извршуваат различни задачи и всушност треба да се надополнуваат еден со друг во борбените дејствија. Нивното ривалство се сведуваше на вежбовни борби, но во 1999 година, за време на еритрејско-етиопскиот вооружен конфликт тие мораа да судрат во борба на живот и смрт.
Се сметаше дека МиГ-29 нема многу шанси во двобој со поголемиот и подобро вооружен модел Су-27. Па сепак, исходот од борбата можеше да зависи од цела низа фактори, вклучувајќи ја и вештината на пилотите.
Су-27
Rob Schleiffert (CC BY-SA 2.0)Руската воена техника се појави во источна Африка кон крајот на 1990-тите, и тоа не случајно. Со децении Советскиот Сојуз ѝ испорачуваше оружје на Етиопија и ѝ испраќаше воени советници и инструктори да ја обучуваат нејзината армија.
По распадот на СССР тие врски не беа целосно прекинати. Згора на тоа, и Еритреја почна делумно да се ориентира кон Русија во поглед на вооружувањето откако таа 1993 година се отцепи од Етиопија.
Кога 1998 година меѓу овие две африкански земји изби вооружен конфликт околу пограничните територии, двете земји се обратија до Русија со намера да набават воена техника и конкретно воени авиони. Нивните финансиски можности, сепак, не беа еднакви.
Летото 1998 година Еритреја купи од Москва осум ловци МиГ-29А и два авиона МиГ-29УБ. Економски поразвиената Етиопија можеше да си ги дозволи поскапите, но помоќни „Сухои“. Во декември истата година беше склучен договор за купување на шест авиони Су-27СК и два Су-27УБ.
Во рамките на етиопско-рускиот договор, пилотите на Военото воздухопловство на Етиопија поминаа теоретска и практична обука во воздухопловната база Дебре-Зејт под раководство на руски инструктори. Еден број пилоти беа испратени на стажирање во Краснодарската висока воена авијациска школа.
Асмара, од друга страна, се ориентираше кон украинските воени експерти - пилоти-инструктори и техничари кои дојдоа во Еритреја да ги опслужуваат малубројните авиони на военото воздухопловство.
Првиот вистински судир меѓу „Сухои“-те и „МиГ“-овите се случи на 21 февруари 1999 година. Два еритрејски авиони се обидоа да му направат заседа на етиопски ловец. Меѓутоа, Су-27 успеа да ја избегне стапицата и згора на тоа исфрли од строј еден од напаѓачите. Еритрејците не ја признаа загубата на тој авион.
Потоа, на 25 февруари, два Су-27 и четири авиони „МиГ“ се судрија на небото над еритрејскиот град Бадмеа. Тие истрелаа ракети еден кон друг од средна дистанца, но не беше забележан ниеден погодок. Блиската маневарска борба повторно ја добија „Сухоите“, а Еритрејците се повлекоа, губејќи еден авион.
На 16 мај истата година, два „МиГ“-а патролираа над еритрејскиот град Барентуа, кога ненадејно беа нападнати од неколку авиони Су-27. Борбата не траеше долго: едниот „МиГ“ беше соборен, а другиот, мошне оштетен, успеа да стигне до аеродромот во Асмара. Додуша, повеќе не беше за употреба.
Авионите Су-27 во првиот судир со своите „браќа“ извојуваа убедлива победа. Обезбедија доминација во воздухот и почнаа активно да се применуваат во нападите на цели на земјата.
„Сухоите“ најпрвин победија во воздух, а потоа им помогнаа на копнените трупи на Етиопија да победат и на земја. Етиопската армија до летото 2000 година ги освои спорните територии, по што завојуваните страни се префрлија на преговарачка маса. Конфликтот конечно беше регулиран дури по 18 години.
Еритрејците беа воодушевени од квалитетите на авионите Су-27СК, па набргу по завршувањето на борбените дејствија, и покрај тешката економска ситуација, најдоа средства да купат неколку од овие ловци од Русија за потребите на своето воено воздухопловство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче