Радио техника
Леонид Гаjдай, Мосфиљм, 1973
Во советската филмска комедија „Иван Василевич ја менува професијата“, царот Иван Грозни некако се наоѓа во советска ера и не може да се врати во своето време. На пронаоѓачот Шурик му се расипува времепловот. Половина филм тој поминува посетувајќи ги советските продавници „Радио Делови“ и „Радио Роба“, обидувајќи се да го купи потребниот дел и да го поправи својот изум.
В. Бекер / Sputnik
Навистина, продавници за радио техника имаше во многу градови и советските мајстори-аматери можеа да состават радио од делови, да поправат телевизор, а можеби дури и да направат ракета дома.
Радиоактивни производи
A. Sergeyev-Vasiliev / TASS
„Изотопи“ – така се викаа специјализираните продавници во Москва во кои се продавааа радиоактивни материи! СССР сакаше примената на нуклеарната енергија за мирнодопски цели да ја воведе во секојдневниот живот на граѓаните. Со помош на изотопи можевте да чувате компири, да се ослободите од истекување на канализациони цевки, па дури и да маркирате и пребројувате риби.
А. Лобов / Sputnik
Се разбира, не секој можеше да купи изотоп и за специјалниот контејнер кој штити од зрачење, мораше да се вратите во продавницата.
Овде дознајте повеќе за продажбата на изотопи.
Синтетика
Леонид Гаjдай, Мосфиљм, 1973
Херојот на советскиот филм „Дијаманстка рака“ ги посетува продавниците што продаваат исти пењоари и прашува: „Дали го имате истиот, само со копчиња од седеф?“ Оваа фраза стана вистински хит.
Муса Селимханов / Sputnik
Во СССР облеката главно беше изработена од природни материјали: памучни и шик фустани, волнени костуми... Но, сите жени сонуваа за странските синтетички ткаенини. Прво, тие беа достапни во најразлични бои, и второ, беа лесни за перење и речиси не се гужваа.
Фред Гринберг / Sputnik
Во доцните 50-ти и 60-ти години, во центарот на Москва и другите големи градови се појавија специјализирани продавници „Синтетика“. Таму се продаваа капути, костуми, женски фустани итн. Но, овие производи не беа евтини.
Печурки
Печурките беа и се вистинската страст на советскиот, односно рускиот човек. Многумина од нив ги береа во шумите и многу добро се разбираа од нив, а ги знаеја и местата на кои растат. Но, не секој имаше можност рано наутро да оди в шума. За нив беа отворени специјализираните продавници „Печурки“.
На полиците се продаваа сушени печурки, а во големи садови имаше солени што се купуваа на мерка. Особено беа популарни лисичарките и млечниците. Подоцна продавниците беа наречени „Печурки-бобинки“, бидејќи во нив се продаваа и други шумски плодови.
Хемикалии
Архив на ЦИГИ
Недалеку од Кремљ се наоѓаше продавницата „Хемиски реагенси и супстанции со висока чистота“. Во СССР на шега ја нарекоа „продавницата на младиот терорист“, бидејќи таму одеа ученици за да набават реагенси за разни хемиски експерименти.
Производи од автомат
"Строительство и архитектура Москвы" №1, 1969
Во центарот на Москва се наоѓаше вистинска продавница на иднината „Прогрес“. Во неа беше сместена првата автоматска продажба во земјата. Понудата беше ограничена на млечни производи во шише: млеко, кефир, рјаженка (пијалок од ферментирано млеко), како и павлака во тегли. Можевте, исто така, да купите сендвичи и масло на мерка. И задолжително секој посетител купуваше слатки: слатко сирење со глазура.
1000 ситници
Сергеј Соловјов / Sputnik
Специфична појава, карактеристична за советско време, беа популарните продавници „1000 ситници“. Некои од нив постојат и денес. Таму можевте да најдете огромен број предмети за домаќинството: брави, клинци, копчиња, лажици, моливи, мрежести торби за пазарење и многу други нешта.
Половна роба
Акимов Николај / TASS
Во СССР особено популарни беа „Комисионите продавници“ или едноставно „комисионките“. Советската власт организираше мрежа од овие продавници со цел да се бори против црниот пазар на шпекулантите. Во суштина, таквата продавница беше посредник помеѓу продавачите (кои му даваа процент од продажбата на комисионот) и купувачите. Во таквите продавници имаше многу старудии и непотребни садови, но можевте да најдете и увозни обувки и облека, носени и преправени, но во пристојна состојба, кои се продаваа многу скапо. Тука можевте да набавите и квалитетна, иако половна, фотографска и видео техника.