Според мислењето на аналитичарот Питер Сучиу, најимпресивна карактеристика на Ил-10 беше неговиот голем оклоп кој ги штитеше пилотот, митралезецот и моторот од оган од земја и напад на непријателски авиони.
„Да се каже дека Ил-10 имаше тежок оклоп не значи ништо“, истакнува авторот на статијата. Во трупот на авионот е вметнато околу еден тон оклопна заштита. Затоа се сметаше дека е вистински летечки тенк кој предизвикуваше омраза кај Хитлер.
Сучиу посочува дека Ил-10 влезе во употреба токму на крајот на војната и затоа не влијаеше значително на борбените дејствија. Сепак, авионот беше успешен и подоцна Советскиот сојуз им го испорачуваше на земјите од Варшавскиот пакт, Северна Кореја и Кина.
Ил-10 е советски јуришен авион проектиран 1944 година од конструкторското биро „Илјушин“. Тоа беше темелна модернизација на авионот Ил-2.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче