Шефот на Службата за надворешно разузнавање на РФ за феноменалните жени во руското разузнавање

Максим Богодвид/Sputnik
Разузнавачката служба не е исклучиво машка работа, и покрај врежаното мислење. Во Службата за надворешно разузнавање и сега работат многу припаднички на поубавиот пол. Тие извршуваат многу сложени задачи кои се исклучително потребни на нашата земја, изјави Сергеј Наришкин, директор на Службата за надворешно разузнавање и претседател на Руското историско друштво.

Сергеј Наришкин во четвртокот, 4 март, одржа говор во Домот на руското историско друштво на отворањето на изложбата „Жените-разузнавачи во служба на Татковината“ посветена на жените кои во различни периоди работеле во Службата за надворено разузнавање на Русија. Изложбата е отворена по повод меѓународниот Ден на жената.

Според Наришкин, разузнавачката служба секогаш е третирана како изразено машка професија, како професија „со машко лице“. „Меѓутоа, тоа не е така“, ги пренесува зборовите на Наришкин агенцијата РИА „Новости“.

Сергеј Наришкин – директор на Службата за надворешно разузнавање и претседател на Руското историско друштво.

Жените отсекогаш работеле во разузнавачката служба, истакна Наришкин. Така беше и во периодот на настанување на руската разузнавачка служба во 1920-тите и 1930-тите, и во Втората светска војна, кога жените-разузнавачи дадоа свој придонес за Победата, така беше и во повоениот период, додаде тој.

„И денес во Службата за надворешно разузнавање на Русија има многу исклучителни, талентирани, одлучни и феноменални жени кои рамо до рамо со мажите вршат сложена работа која ѝ е исклучително потребна на државата“, рече Наришкин.

Изложбата е посветена на судбината и делувањето на легендарните жени-шпиони од различни генерации чии имиња до неодамна беа чувани во најстрога тајност. Тоа се Елисавета Зарубина, Зоја Рипкина-Воскресенска, Марија Виљковиска, Африка де лас Ерас, Леонтина Коен, Гоар Вартањан, Ана Камаева-Филоненко, Надежда Тројан, Галина Фјодорова, Ирина Алимова, Елена Чебурашкина, Људмила Нујкина, Тамара Нетикса и други.

Претходно Владимир Антонов, водечки експерт на Салата за историја во Службата за надворешно разузнавање на Русија, раскажа дека познатата советска илегална жена-шпион Ана Камаева послужила како прототип за ликот на радистката Кет во популарната телевизиска серија „Седумнаесет моменти на пролетта“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња