Поранешен таен агент откри што се очекува од девојките во руската разузнавачка служба

Ана Чепмен

Ана Чепмен

Максим Богодвид/Sputnik
„Треба совршено да се зборува странски јазик, но ако е тоа сé што знаете, тогаш можете да бидете само турист во странство“, вели полковникот на СВР во пензија Тамара Нетикса, од чие име во јануари оваа година официјално е симната ознаката за тајност.

Девојките кои сакаат да служат во руската разузнавачка служба би требало да ги шират своите видици за да најразлични луѓе, вклучувајќи ги и оние кои се потребни во работата, бидат заинтересирани да контактираат со нив, смета ветеранот на Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР), полковник во пензија Тамара Нетикса, од чие име во јануари оваа година официјално е симната ознаката за тајност.

Според нејзините зборови, најважната работа за оние кои работат како разузнавачи е нивниот патриотизам. „Тоа е основата на сите основи и воопшто не смее да се доведува во прашање. Тоа мора да биде длабоко всадено во вас“, рече Нетикса во интервјуто за РИА „Новости” во пресрет на 8 Март - Денот на жената.

„Исто така би им советувала на девојките да се развиваат на секој начин, да ги шират своите видици и развиваат своите вештини. Тие мораат да имаат многу различни знаења и хобија“, истакна таа. Тајниот агент „најпрвин мора да знае многу нешта, инаку ништо нема да му појде од рака“, објасни ветеранот на СВР. „А ако совршено зборувате странски јазик и тоа е сé, тогаш можете да бидете само турист во странство“, додаде Нетикса.

„Знаете, потребно е на луѓето да им биде интересно во вашето друштво, тогаш ќе можете успешно да воспоставите контакти со нив. И на мажот мора да му биде интересно со вас, тој мора да биде горд на вас“, рече овој разузнавач.

Во јануари минатата година директорот на Службата за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин првпат официјално ги објави имињата на седум домашни тајни агенти кои дале голем придонес во заштитата на интересите и безбедноста на Русија. Меѓу нив беа и херојот на Русија, генерал-мајор во пензија Виталиј Нетикса (1946-2011) и полковникот во пензија Тамара Нетикса (родена 1949).

Брачниот пар Нетикса од 1978 до 1998 година дејствуваше во Латинска Америка, во земји со строг административно-полициски режим и во услови кои носеа опасност по животот. Во странство им се родија ќерка и син. Според податоците на СВР, Тамара Нетикса, „работејќи под голем притисок, свесно преземаше оправдан ризика при решавањето на оперативните задачи, давајќи му активна помош на мажот во разузнавачката дејност во специфични услови“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња