Како руските двојни агенти стасале до самиот врв на МИ6 и на ЦИА?

Поранешниот постар службеник на ЦИА Олдриџ Хејзен Ејмс по судењето од 22 февруари 1994 година во врска со обвинението дека шпионирал во корист на поранешниот Советски Сојуз.

Поранешниот постар службеник на ЦИА Олдриџ Хејзен Ејмс по судењето од 22 февруари 1994 година во врска со обвинението дека шпионирал во корист на поранешниот Советски Сојуз.

AFP
Во текот на 20 век многубројни западни тајни операции биле саботирани. Разоткриени се десетици тајни агенти кои работеле за Вашингтон и за Лондон. Во разоткривањето на нивните мисии огромно значење имала работата на двојните агенти. Ви ги претставуваме трите најефикасни руски „кртови“.

1. Ким Филби

Британскиот разузнавач и советски шпион Ким Филби (Харолд Адријан Расел Филби, 1912-1988.) на прес-конференцијата кога Харолд Макмилан го ослободи од обвинението за шпионажа.

Филби е најпознатиот член на петорката советски шпиони во Кембриџ, Велика Британија. Носител е на највисоките британски и советски државни ордени. Тој во 1945 година го има добиено Орденот на Британската Империја од кралицата Елизабета Втора за заслуги во Втората светска војна, а во 1947 година, на почетокот на Студената војна, Јосиф Сталин му додели Орден на Црвеното знаме.

Филби започна да соработува со советската разузнавачка служба кон средината на триесеттите години од минатиот век, набргу по завршувањето на Универзитетот во Кембриџ. Отприлика во исто време започна да работи и за британската разузнавачка служба. Брзо напредуваше. По Втората светска војна се сметаше дека е еден од кандидатите за местото шеф на Британската разузнавачка служба. Не стана тоа, но беше на важни функции што му овозможи да го снабдува Советскиот Сојуз со скапоцени податоци.

Кога беше именуван за шеф на Британската разузнавачка служба во Турција во 1947 година, тој се обиде Москва да дознае за шпионите кои се обидуваат да се префрлат преку јужната граница во СССР. Турција беше едно од главните места каде во тоа време се планираше тајното дејствување. Советските војници ги неутрализираа агентите за време на обидот да ја минат границата. Според мислењето на еден руски историчар кој ги проучува разузнавачките служби, тоа бил јасен сигнал до Западот дека е подобро да се откаже од таквата тактика.

Ким Филби, британски разузнавач кој работеше како двоен агент и пребега во СССР. На фотографијата Ким Филби е на одмор со својата последна сопруга Руфина Пухова во Русија во текот на седумдесеттите години од минатиот век.

Потоа, во 1949 година Филби беше поставен за главен претставник на Британската разузнавачка служба во Вашингтон (Колумбија). Тогаш тој благодарение на положбата доби пристап до податоците на ЦИА за планираниот преврат насочен против просоветски настроениот албански лидер Енвер Хоџа. Овие информации стасаа до Москва по што албанските командоси беа ликвидирани за време на обидот да се спуштат со падобран на земја, а Хоџа продолжи да владее.

Филби во 1963 година можеше да биде откриен и затоа пребега во СССР, каде потоа живееше четвртина век. Во интервју за „Сандеј тајмс“ кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век тој рече дека „животот тука [во Русија] е малку тежок, но јас сум врзан за оваа земја и никаде на друго место не би сакал да живеам“.

2. Џорџ Блејк

Џорџ Блејк, двоен агент кој испорачуваше тајни податоци на Русите, работејќи како британски шпион.

Џорџ Блејк исто така беше двоен агент во Велика Британија. По бегството од британскиот затвор тој над 50 години живееше во Русија.

Во ноември 2017 година, кога го прослави својот 95 роденден, Блејк објасни зошто на почетокот од педесеттите години од минатиот век престанал да биде лојален на својата земја. Според него Корејската војна одиграла мошне важна улога во тоа. Блејк, имено, бил сведок на загинувањето на десетици цивили што ги прегазила „американската воена машинерија“.

„Тогаш сфатив дека таквите конфликти се смртна опасност за човештвото и ја донесов најважната одлука во животот. Започнав активно и бесплатно да соработувам со советската надворешна разузнавачка служба со цел да придонесам за заштита на мирот во целиот свет“, напиша Блејк во писмото упатено до современата руска разузнавачка служба.

Блејк го врбувала разузнавачката служба МИ6 во Втората светска војна. По завршувањето на Корејската војна се вратил во Лондон. Велат дека токму тогаш му соопштил на СССР за тоа како ЦИА и МИ6 планираат да прокопаат тунел од западен до источен Берлин и да се приклучат на комуникациите на Штабот на советската армија во Источна Германија. Оваа операција се нарекувала "Злато" или "Стоперка".

Фотографијата е направена на 11 ноември 2017 година. Џорџ Блејк, поранешен британски шпион и двоен агент во служба на Советскиот Сојуз во Москва.

И покрај многуте тешкотии тунелот бил прокопан и бил снабден со потребните инструменти за прислушкување. Москва не открила дека знае за овој проект за да не го компромитира Блејк. Тунелот е „откриен“ 11 месеци по почетокот на прислушувањето (кога Блејк веќе добил нова задача во МИ6). Изби скандал кој ја расипа репутацијата на ЦИА.

Во 1961 година Блејк го издаде полски разузнавач, по што британскиот двоен шпион беше осуден на 42 години затвор во Велика Британија. По четири години успеа да избегне од затвор, правејќи скали од коноп и игли за плетење. Потоа го пронајде својот пат до Москва, а почина кон крајот на декември 2020 година. Во своето писмо има напишано: „Русија стана мојата втора татковина...“

3. Олдриџ Ејмс

Претставниците на американската разузнавачка служба им приговараа на британските колеги поради тоа што на време не ги откриле врвните советски шпиони, но и самите се најдоа во жижата на скандал кој ја затемни репутацијата на ЦИА и предизвика смена на нејзиното раководство.

Поранешниот постар службеник на ЦИА Олдриџ Хејзен Ејмс.

Сè започна кон средината на осумдесеттите години од минатиот век кога началникот на советското одделение во рамките на ЦИА Олдриџ Ејмс започна да соработува со КГБ. Оваа соработка траеше речиси 10 години, сè до неговото апсење во 1994 година. Се смета дека Ејмс има попречено околу 100 операции на ЦИА и дека помогнал во откривањето на многу „кртови“ на ЦИА во СССР, а потоа и во Русија. Некои од овие луѓе беа осудени на смрт и погубени.

На суд Ејмс призна дека ги има откриено „речиси сите агенти на ЦИА во Советскиот Сојуз, како и агенти на други американски и сојузнички разузнавачки служби“. Велат дека Москва со години го користела Ејмс за да доставува дезинформации кои тројца американски претседатели ги добивале во вид на извештај од ЦИА.

Се смета дека ЦИА се посомневала во Ејмс поради наглото подигање на неговиот животен стандард. Тој, имено, купил куќа од половина милион долари и ја платил во готово, а покрај тоа купил и луксузен автомобил Јагуар. Од друга страна, поранешниот началник на КГБ Владимир Крјучков во својата книга „Лично досие“ има напишано дека „нивото на контакт со таков агент [како што е Ејмс] и неговите лични и професионални квалитети овозможуваат со голема сигурност да се изведе заклучок дека станува збор за предавство“:

Ејмс е осуден на доживотна робија. Неговиот случај крена голем прав во американскиот Конгрес и предизвика оставка на шефот на ЦИА Џејмс Вулси.

Како бабата-шпион им ги открила на Советите сите британски нуклеарни тајни

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња