Како британските криптографи ги откриле тајните кодови во советската комуникација

Getty Images
СССР и Британија имаат однесено неколку победи во конфронтацијата на разузнавачките служби. Тоа била долготрајна војна на советските и на британските шифрари.

Работата на Серуското кооперативно друштво (ARCOS), организација која СССР ја има основано во Лондон за трговија со Велика Британија, е запрена на 12 март 1927 година.

Полициски инспектори пред советската државна трговска организација ARCOS, 13 мај 1927 година, за време на упадот во просториите на оваа организација.

Тој ден во 16 часот и 20 минути британски полицајци во униформа и во цивилно упаднаа во зградата на трговската организација, ги уапсија тамошните службеници, ги конфискуваа сите документи и ја запоседнаа телефонската станица. Припадниците на интервентните екипи провалија во заклучените простории и сефови со помош на дупчалки кои ги имаа земено со себе.

За време на претресот пронајдоа и тајна просторија за шифрирање, и документи кои, според тврдењето на британската полиција, потврдуваат дека ARCOS бил фасада за шпионско дејствување во Велика Британија, во Јужна и Северна Америка, во Африка, па дури и во Австралија.

Полицајци влегуваат во ARCOS. Лондон, Велика Британија.

Повод за упадот беше информацијата на разузнавачките служби МИ5 и Ми6 добиени од Владината школа за кодирање и шифрирање, агенција која е основана во 1919 година со здружување на припадниците на разузнавачките служби на британската армија и на морнарицата во еден штаб за разбивање кодови. Така започна долготрајната војна на советските и на британските шифрари.

Непријатели

Предводникот на трговската делегација Кинчук ја претставува ARCOS во 1927 година.

Од првиот ден на основањето Владината школа за кодирање и шифрирање (од 1946 година тоа е Државен комуникациски штаб, познат како GCHQ) се занимавала со прислушување и со дешифрирање на комуникацијата што ја остварува Советскиот Сојуз. Лондон сакал да знае во какви односи е СССР со левичарските работнички движења во Англија и во другите земји во Европа и на другите континенти.

Споменатиот упад, а потоа и шпионскиот и политичкиот скандал познат како „Случајот ARCOS“, инициран е со информација која стасала од GCHQ. Овој штаб набргу по револуцијата од 1917 година со помош на руски офицери кои избегале од граѓанската војна успеал да ги дешифрира советските кодови за комуникација.

The Doughnut („Крофна“), седиштето на агенцијата GCHQ во Челтнам.

Дешифрирањето на тајните соопштенија на советските власти во првите години од нејзиното постоење за Британците не било тешка задача зашто тие ја користела помошта на разочараните царски офицери, а новата советска власт со незначителни подобрувања го применувала стариот систем за кодирање пораки кој бил користен во царска Русија.

Неколку години британската разузнавачка служба можела да ги чита тајните советските пораки, меѓу другото и комуникацијата со советската трговска организација ARCOS, за која МИ6 се сомневала дека крие тајна база за прирачници за сигнали.

Пријатели

Советски радиотелеграфист со „Енигма“, машина за шифрирање радиотелеграфски пораки.

Упадот и „случајот ARCOS“ предизвика сериозна криза во британско-советските односи. Оправдувајќи го овој упад во Домот на комуната премиерот Стенли Болдвин не сакајќи откри дека британската разузнавачка служба успешно ја има дешифрирано советската тајна комуникација.

Советската страна брзо реагираше и го смени системот на шифрирање. Оттогаш советските дипломати, разузнавачи и други службеници на тајните мисии користеле еднократни шифри за испраќање пораки. Советската порака со обновено шифрирање практично било невозможно да се дешифрира.

Британски воени стручњаци за Морзеова азбука, битката на Сома.

Втората светска војна ги принуди поранешните непријатели Велика Британија и СССР да се здружат и да ги обединат напорите во борбата против нацистичка Германија, новиот заеднички непријател. Многу советски стручњаци за шифрирање веќе беа ликвидирани во Сталиновите чистки, и поради тоа советското раководство се потпираше на информациите добиени од британските власти, но и од советските агенти инфилтрирани во британскиот естаблишмент, на пример Ким Филби.

На нацистите не им тргнало од рака да ги пробијат советските кодови во текот на Втората светска војна, што е доказ за храброста и за ригорозноста на советските криптографи.

Битка во времето на Студената војна

Кусото дружење на британските и на советските криптографи заврши кога започна Студената војна. Британската разузнавачка служба заедно со американските колеги се обиде да ги пробие советските кодови и да ја дешифрира советската комуникација.

Системот на еднократни клучеви беше необјаснив однадвор, но една интерна грешка на советскиот НКВД овозможи од клучевите кои содржат повторливи сентенции да се состави еден голем список, така што британската разузнавачка служба во 1946 година ги дешифрираше пораките во советските копнени и воздушни сили, а исто така и во советската воена морнарица.

Минијатурен шифрарник кој содржи серии цифри. Според државниот обвинител Елвин Џонс, шпионите го користеле за дешифрирање пораки од Москва,

Благодарение на своите двојни агенти меѓу британските разузнавачи, Советскиот Сојуз дозна за протекувањето информации, па во 1948 година ги смени кодовите и процедурите за комуникација кои беа користени во Источниот блок.

Оттогаш британската разузнавачка служба нема направено ниту еден крупен чекор во дешифрирањето на тајните на советските комуникации.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња