Американските воени инструктори сакаа максимално да го искористат искуството на Советскиот Сојуз во производството на тенк кој може да им се спротивстави на германските „Тигри“ и „Пантери“. Советскиот Сојуз љубезно се согласи да ги сподели достигнувањата во индустријата на тенкови, но за секој случај тестирањето на тенкот Т-34 во Америка го надгледуваше полковникот на ГРУ Василиј Хлопов.
Американците високо го ценеа нишанскиот уред за топот со калибар 76 мм, кој според нивна процена беше најдобриот на светот во смисла на сигурност. Инженерите во Абердин ги импресионираше добриот и лесен дизел-мотор. Освен тоа, Американците им оддадоа должна почит и на широките гасеници на тенкот Т-34. Благодарение на нив советскиот тенк полесно се искачуваше на возвишенија од британските или американските модели. Голем интерес предизвика материјалот од кој беа направени гасениците, односно челикот. Гасениците на американските борбени возила имаа влошки од тешка гума.
Полковникот Василиј Хлопов покрај тоа мораше да ги слуша и критиките на американските инженери кои тврдеа дека челикот за оклопот на Т-34 беше премногу мек. Наводно со примеси на цинк и да бил подобро изработен би бил далеку поцврст. Меѓутоа, борбите во Тунис и Франција им дадоа за право на советските инженери.
Тестирањата покажаа дека првиот дефект на тенкот Т-34 се случи на 60 километар, пукна плочка на гасеницата. А по поминати 343 километри тенкот престана да работи, затоа што поради лошиот филтер за воздух во моторот се насобрала многу прашина. Американците посветија големо внимание и на водоотпорноста, бидејќи за време на силен дожд низ пукнатините во тенкот влезе многу вода, што можеше да ја стави надвор од функција електричната опрема и дури и муницијата.
Во Советскиот Сојуз го послушаа мислењето на американските колеги и ги отстранија недостатоците, а во војната во Кореја и Виетнам американските тенкисти ја почувствуваа моќта на обновената советска оклопна техника на своја кожа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче