Имале ли тенковите какво-такво греење? Како тенкистите опстојувале кога ќе стегнел рускиот мраз? За ова прашавме едно воено лице кое добро се разбира во оваа проблематика.
Современите тенкови навистина имаат мала печка, така што на студено време внатре е прилично топло. Сосема е друга приказната со тенкот Т-34. Во тоа време никој не се прашувал дали е во тенкот ладно. Многу било поважно прашањето колку бил ефикасен тенкот во борбата.
Затоа Т-34 немал никакво греење. Борците сведочат дека во тенкот било студено како во замрзнувач, дотолку повеќе што конструкцијата била метална, а металот на ниски температури дополнително го зајакнува „ефектот на замрзнувач“.
За волја на вистината, моторот ослободувал извесно количество топлина, како и издувни гасови за време на пукањето. Но, сето тоа не влијаело многу на температурата во тенкот. Многумина тенкисти морале да носат на себе многу облека за да ја зачуваат топлината. И тоа не е сè. Седиштата во тенкот Т-34 биле неудобни, многу тврди и без потпора за рацете.
Тенкистите се прилагодувале колку што можеле. Во определени моменти дури и можеле да заспијат во тенкот. Според сеќавањата на еден ветеран, спиеле во седечка положба.
Сепак, во определен момент бил смислен каков-таков систем за загревање на внатрешноста на тенкот. Еве како изгледало тоа. Навечер тенкот ќе запрел некаде во некоја пустелија, тенкистите копале ров, ја ставале во него печката и ја потпалувале, а потоа тенкот се паркирал врз тој ров. Освен тоа, тенковите се прекривале со церада.
Така тенкистите можеле да минат ноќ без смрзнување. Но, не сите, зашто многу тенкови немале таква печка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче