Ноќниот таран на Виктор Талилихин, реконструкција на настанот.
Анатолиj Сергеjев-Василев /SputnikТалалихин имаше големо борбено искуство. Уште од советско-финската војна броеше победи во воздушните борби. Според некои извори, тој со двокрилец И-153 „Чајка“ тогаш соборил четири непријателски авиони и тоа еден од нив уште во својата прва борба. Во друга пригода водачот на одредот на Виктор бил мошне оштетен од противавионски оган, па Талалихин вешто го покривал од непријателски ловец кого на крајот успеал да го собори.
Во борба против германски авион „Хајнкел“ на небото над Москва Виктор Талалихин управуваше со ловец И-16 со еден мотор. Ноќта спроти 7 август непријателските бомбардери летаа кон Москва, а Талалихин патролираше на небото над престолнината на висина од 4800 метри.
Во еден момент здогледа над себе германски бомбардер Хе-111. Веднаш му се најде зад опашката, отвори оган и му го оштети десниот мотор. „Хајнкел“ полета назад кон линијата на фронтот. Советскиот ловец го гонеше непријателот спуштајќи се заедно со него сé до висина од 2500 метри. Меѓутоа, не успеа да го дотепа бомбардерот затоа што снема муниција.
„Остана само едно: да одам на таран. Ако загинам, повторно сум сам, а во бомбардерот се четворица фашисти. Одлучив со пропелерот да му го отсечам опашот и почнав да му се приближувам. Кога бев околу десетина метри од него видов дека трупот одоздола му е оклопен. Тогаш тој отвори оган од митралез со голем калибар. Нешто ми ја опрли десната рака. Веднаш дадов гас и одлучив да го таранирам, но не со пропелерот, туку со цел авион. Ударот беше страшен. Мојот „јастреб“ се обрна наопаку, требаше што е можно побрзо да скокнам со помош на падобранот“, напиша подоцна Виктор Талалихин.
Успеа да скокне од авионот, а потоа слободно паѓаше околу 800 метри за да не стане згодна мета во воздухот. Потоа го отвори падобранот и се спушти на езеро кај Подолск.
Овој ноќен настан во воздухот предизвика голем метеж. Германските пилоти чии разговори беа прислушкувани таа ноќ споменуваа некаков луд Русин кој таранирал бомбардер.
Кога утредента ги најдоа остатоците на соборениот германски авион, меѓу нив беа и посмртните останки на пилотите. Еден од нив беше офицер награден со железен крст. Авионот И-16 со кој е уништен „Хајнкел“ е пронајден дури 2014 година. Сега фрагменти од тој авион се наоѓаат во Домододедовскиот историско-уметнички музеј.
Виктор Талалихин по таранирањето продолжи да војува како пилот. Собори уште пет германски авиони. Загина на 27 октомври 1941 година во воздушна битка во близина на Подолск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче