Поликарпов „И-15 бис“
https://ru.wikipedia.org/wiki/И-15_бисСССР праќаше во Кина техника и персонал, но за тоа не се зборуваше јавно. Војниците ги праќаа под туѓи имиња. Пред да отиде на ова „службено патување“, 30-годишниот натпоручник Губенко веќе умееше да вози 12 типа авиони и беше водечки пробен пилот во военото тестирање на ловецот И-16. Меѓутоа, и неговиот противник беше искусен. Јапонските асови имаа огромно воено искуство и доминираа на кинеското небо.
Станиците за известување на 31 мај соопштија дека на Ханко му се приближуваат 18 јапонски бомбардери и 36 ловци. Авионот на Губенко беше на поправка, така што тој седна во друго летало во кое, како што подоцна се покажа, функционираше само еден од четирите митралези. Учесникот во овие настани, воениот Сергеј Белолипецки, подоцна ги запиша зборовите на Антон Губенко: „Сега војувам во „Ласточка“, а тогаш летав во „Чиж“. Тој двокрилец не е многу брз и тркалата не му се увлекуваат, но добро маневрира и има четири митралези... На крајот на битката наидов на осамен И-96. Му влегов во опашката, нанишанив и го притиснав чкрапалото. Но, митралезите молчеа, повеќе немаше муниција. Ми беше криво да го пуштам па го присилив да атерира на нашиот аеродром. Додадов гас и се израмнив со него. Јапонецот се исплаши кога ме здогледа толку блиску, побледе и почна избезумено да гледа на сите страни. Му се заканив со песница и неколку пати му дадов знак да се спушти во правец на аеродромот. Тој сфати што сакам да кажам, кимна неколку пати со главата и во спирални кругови почна брзо да се спушта...
Кога И-96 веќе потполно се приближи до земјата, нагло даде гас со намера да избега. Веројатно ни тој немаше муниција. Ја искористив предноста во висина па повторно го достигнав непријателот и одлучив да го таранирам.
Најпрвин сакав да му ја отсечам опашката, но се предомислив и го приближив пропелерот под аилеронот на левото крило. „Чиж“-от затрепери од ударот. И-96 почна да паѓа, а мојата машина се стресе како да има треска. Сфатив дека е деформирана елисата, па ги намалив вртежите и така стигнав до пистата и се спуштив“.
Губенко уште повеќе се внесе во овој настан кога му го опишуваше на воениот другар Николај Козлов: „Фаќам еден, го стигнувам и „клик“, „клик“ – митралезите молчат. Тогаш му приоѓам оддесно, крило до крило и му покажувам со раката во правец на аеродромот. Тој ништо. Што да правам? Нека биде што сака! Ќе го удрам и ќе скокнам. Додавам гас и го сецнувам со елисата по крилото. Авионот ми се стресе како да сум удрил во столб. Гледам, тој паѓа. Од крилата му отпаѓаат партали“.
Генерал-полковник на авијацијата Александар Ритов подоцна напиша: „На небото над Ханко изгубивме два авиона, на неколку наши летала непријателот мошне ги оштети. Не знаевме што се случи со пилотот Антон Губенко... Одненадеж здогледавме црна точка. Стануваше сé поголема и најпосле доби контури на авион... Авионот леташе несмасно, лулајќи се ту на едната, ту на другата страна... Притрчавме веднаш што смета и не можевме да веруваме: елисата му беше свиткана, а трупот изрешетан“.
Па сепак, најголемите подвизи на Антон Губенко допрва доаѓаа. Подоцна тој сам се бореше против шест јапонски авиони и скокна со падобран од оштетениот авион. Губенко собори три непријателски авиони. Награден е со Орден на Ленин и Орден на Црвеното знаме, а потоа го доби и звањето Херој на Советскиот Сојуз. Овој талентиран пилот се врати од Кина со чин потполковник. Трагично загина во авионска несреќа на 31 март 1939 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче