Подвигот на Кољчак: Како советски артилерец за еден час уништи четири тенка

На 2 август 1941 година нишанџијата Јаков Кољчак доби орден Херој на Советскиот Сојуз. Тој се бореше во состав на 680 стрелечки полк на 169 стрелечка дивизија на 18 армија на Јужниот фронт и беше првиот артилерец кому му е доделено ова одликување.

„Доделено му е звањето Херој на Советскиот Сојуз. Се бореше сé додека тенк не му го прегази орудието“, се наведува во одлуката на командантот на 18 армија Андреј Смирнов.

Својот подвиг Јаков Кољчак го изврши на 13 јули 1941 година во борбите кај селото Фиљановка во Хмељницката област. Екипажот на орудието требаше да запре непријателска колона на чие чело одеа лесни унгарски тенкови „Толди Iˮ. Артилерците ги пуштија да пријдат на 150 метри. Потоа непријателот го очекуваше непријатно изненадување. Уште со првиот истрел советската „45-ка“ уништи еден тенк. Потоа се запали и вториот.

Консолидирајќи се, непријателот отвори оган и го уби речиси целиот екипаж на орудието. И топот беше оштетен, но Кољчак, кој преживеа, продолжи да се бори сам. Мораше самиот да ја носи муницијата до топот, да го полни топот и да нишани на целта. А притоа мораше да гаѓа со скршен нишан.

Со директно нишанење Јаков Кољчак уништи уште два тенка. Битката траеше околу еден час. На крај единствениот артилерец од сите членови на екипажот беше тешко ранет и контузиран.

Интересно е што овие настани подоцна се опишани од двете страни. Нивен сведок беше воениот дописник Сергеј Борзенко, кој ја објави книгата „Живот во војна“. Исто така, оваа борба кај Фиљановка се споменува и во книгата „Magyar Steelˮ (Унгарски челик).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња