Една од најпознатите фотографии од Втората светска војна е секако „Кревањето на знамето над Рајхстагот“ која на местото ја направи Евгениј Халдеј. На неа се гледаат војници кои го креваат советското знаме на покривот на германскиот парламент. Халдеј, меѓутоа, не беше единствениот воен фоторепортер на тоа време. Имаше и други фотографи и сниматели кои исто така храбро ги поминаа целата војна и сите фронтови, па дури и учествуваа во борбените дејствија, снимајќи го сето тоа за идните генерации.
Потомците на фотографите Иљја Аронс и Валериј Гинзбург неодамна го подарија целиот свој архив на Еврејскиот музеј и центар за толеранција во Москва.
Вака изгледаше главниот град на Германија во првите мирни денови по завршувањето на Втората светска војна.
Воените фотографи Иљја Аронс (лево) и Леон Мазрухо кај Бранденбуршката капија. Берлин, јуни, 1945.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Иљја Аронс. Првиот германски сообраќаец стапува на дежурство преземајќи го знаменцето од жени кои беа војници на Црвената армија. Повоен Берлин, лето, 1945 година.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Иљја Аронс во Берлин, мај 1945.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Режисерот Леон Саков (во средина) и воемните фотографи Иљја Аронс и Михаил Поселски. Берлин, јуни 1945.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Иљја Аронс. Од лево кон десно: генерал-мајор Матвеј Вајнтруб, писателот Константин Симонов и фотографот Иљја Аронс. Пред зградата на Рајхстагот. Берлин, 1945.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Иљја Аронс. 8 мај 1945. Воени фотографи на берлинскиот аеродромо Темпелхоф го чекаат пристигнувањето на сојузнички командант заради потпишување на Актот за безусловна капитулација на Германија.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Иљја Аронс. Фелдмаршалот Бернард Л. Монтгомери (десно) првпат доаѓа во Берлин заради потпишување на Берлинската декларација, 5 јуни 1945. На Темпелхоф го дочекува заменик-командантот на Првиот белоруски фронт, генерал Василиј Соколовски (во средина).
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Иљја Аронс. Полската кујна за снимателите и новинарите на аеродромот Темпелхоф.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Иљја Аронс. Ослободени советски воени заробеници. Берлин, лето 1945.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Советски новинари со сојузниците. Фотографот Иљја Аронс е четвртиот одлево во горниот ред. Аеродром Темпелхоф, Берлин, мај-јуни 1945.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
Валериј Гинзбург, Берлин, јуни 1945.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
На плакатот пишува: „Еве, тоа е таа, проклетата Германија!“ Воените фотографи Иљја Аронс (лево) и Борис Дементјев на поранешната граница меѓу Полска и Германија за време на снимањето на филмот „Битката во Померанија“ во април 1945.
Прес-фото/Еврејски музеј и центар за толеранција
По повод 75-годишнината од Победата ќе биде приредена изложба „Непознатиот Берлин. Мај 1945“ и ќе трае од 8 мај до 14 јуни 2020 година во Еврејскиот музеј и центар за толеранција. Таму посетителите ќе можат да видат повеќе од 80 фотографии кои никогаш претходно не биле објавени.