1. По летот на Гагарин во вселената секојдневниот живот во Советскиот Сојуз се промени драстично. Многубројните агитациски плакати го прикажуваа првиот космонаут како некое божество.
B.Staris, 1961.
2. Ликот на Гагарин беше толку чест на поштенските марки што меѓу филателистите постоеше термин „филателистичка гагаринијана“. Беа дури пишувани и книги за марките од вселенската ера.
Е. Анискин
3. Набргу по летот на Гагарин, истата 1961 година почна масовно производство на рачни часовници од марката „Ракета“. Сé до 1980 година се произведуваа преку 4 милиони вакви часовници годишно.
Сосоев (CC BY-SA 4.0)
4. Советската пропаганда се трудеше максимално да ја искористи популарноста на освојувањето на вселената. Државните фабрики за чоколада дури правеа и слатки под називот „Вселенска одисеја“и „Стратосфера“.
„Црвениот октомври“
5. И најмладите мораа да знаат за триумфот во вселената и затоа мозаикот со вселенски мотиви беше вообичаен во многу советски училишта и детски одморалишта.
Марија Плотинкова / Sputnik
6. Сите деца мечтаеја да станат космонаути и често правеа скафандери за игра...
7. ...за Новогодишниот маскенбал,
8. ...и за аматерските претстави во училиштата и летните кампови. Тоа беше со хумор прикажано во класичниот советски филм „Добредојдовте или Забранет влез“.
Елем Климов/„Мосфильм“, 1964.
9. Дури и автобуските станици во СССР беа украсени со мозаици со вселенски мотиви.
Кристофер Хервиг/FUEL Publishing
10. И просторот за игра често беше украсен со вселенски бродови и ракети.